Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицевски: ДУИ е против независни кандидати на локалните избори, им пречи дури и прагот од 0,5 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицевски: ДУИ е против независни кандидати на локалните избори, им пречи дури и прагот од 0,5 отсто
МАКЕДОНИЈА

Мицевски: ДУИ е против независни кандидати на локалните избори, им пречи дури и прагот од 0,5 отсто

Објавено August 16, 2025 18:31
Сподели
Сподели

Покажавме дека сакаме да се надминат правните недоречености и дека единствено ни е важно да се обезбедат еднакви услови за учество на сите заинтересирани граѓани на претстојните локални избори, рече денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во расправата по измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори.

Измените и дополнувањата не беа донесени. Добија поддршка од мнозинството пратеници, но потребно беше да се гласа и по Бадентер. Притоа, 18 од пратениците од помалите етнички заедници беа против, а 11 гласаа „за“.

Откако пратеници од коалицијата Европски фронт во текот на седницата реагираа дека измените се во интерес на владејачките партии, а не и на граѓаните, Мицевски оцени дека на ДУИ не им е грижа за независните кандидати, туку „си тераат политика во која тие се жртвите“.

-Вам целта ви е друга, да се преставите пред вашите гласачи дека некој прави нешто против вас, а суштината е многу едноставна – независните кандидатури за градоначалници и советнички листи да може да учествуваат на локалните избори, но вие го укинувате тоа, потенцира Мицевски.

Тој потсети дека во насока на регулирање на различните правни толкувања и недоречености во постапката за собирање потписи за поднесување кандидатски листи од независни кандидати, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери поднесоа измени на Изборниот законик со кои треба да се уреди врeмено оваа постапка која претходно беше укината од Уставниот суд. Со ова решение, како што објасни, се пополнува правната празнина и се воведуваат јасни правила за собирање потписи за кандидатури за градоначалници и советници од страна на група избирачи.

-На Комисијата за политички систем беше поднесен амандман од Левица да се намали прагот од 0,95 отсто на 0,5 проценти на потребни потписи за независни кандидати што за нас беше прифатливо и со 8 гласа „за“ (ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ и СДС ) и еден против (ДУИ), амандманот беше прифатен. Чудно беше што, иако се предлагачи, никој од Левица не гласаше за нивниот амандман. Со ова покажуваме дека во ова законско решение единствена цел ни е надминување на правните толкувања и правните недоречености и дека единствено важен ни е процесот, на еднакви услови за учество на сите заинтересирани граѓани на овие локални избори, рече Мицевски.

Претпладнево измените и дополнувањата на Изборниот законик беа ставени на дневен ред на собраниската седница за да бидат донесени по скратена постапка. Потоа за нив расправаа матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ги проследи на натамошна постапка во Собранието, усвојувајќи го амандманот од Левица – кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, да биде потребно да се соберат најмалку 0,5 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ), наместо првично предложеното решение кое предвидуваше собирање потписи 0,95 проценти од запишаните избирачи.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Турски државјанин пoчинал во хотел на Бит Пазар
Следна Статија Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години

Во моментов во земјава имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.

Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски…

November 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ќерката на Гоце Тодоровски: „Пола век го делеше со народот, а денес живее од 36.000 денари пензија – милостиња за легенда“

Сашенка Тодоровска, ќерката на еден од најголемите македонски актери – Гоце Тодоровски, со потресна објава ја разбуди јавноста и ја…

July 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поранешните градоначалници на Кочани тврдат дека не биле одговорни за пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 10 декември

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната на дел од обвинетите ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како…

December 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?