Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, на унапредување и поставување нови стандарди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, на унапредување и поставување нови стандарди
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, на унапредување и поставување нови стандарди

Објавено June 9, 2025 13:57
Сподели
Сподели

Пред речиси една година, граѓаните испратија јасна порака на изборите, рече денеска Премиерот Мицкоски.

Порака за промени.  

Порака за крај на тонењето и неизвесноста.  

Порака за нов почеток и за нова надеж.  

Како Влада ја презедовме одговорноста да ја вратиме државата повторно кај граѓаните. 

Во оваа речиси една година – чекор по чекор, го враќаме изгубеното чувство дека државата е тука за граѓаните, а не спротивно.  

Градиме систем што не ги прави луѓето мали пред институциите, туку институции што служат на секој граѓанин подеднакво.  

Денес сме овде за да го продолжиме тој процес.  

И да го зајакнеме!  

Пред вас сум како предлагач на две кадровски решенија кои се однесуваат на два ресори: здравството и земјоделството.  

Ова не е само прашање на персонален избор. 

Ова е дел од поголемата слика – реформската насока во која се движи Владата и нашиот стремеж да го поставиме системот на нови, здрави темели. 

Почнувам со здравството. 

Ниту еден сектор не ја одразува состојбата во едно општество како здравството.  

Тоа е огледало на државата – во организација, во достапност, во човечност.  

Долги години гледавме како тоа огледало пука – поради неодговорност, корупција, партизација, негрижа.  

Видовме клиники што се распаѓаат, апарати што не работат, лекови што ги нема, луѓе што чекаат со месеци за дијагноза или терапија.  

Гледавме доктори како заминуваат, медицински сестри кои се потценети, пациенти кои ги губат и трпението и здравјето. 

Ние не ветивме дека ќе го промениме тоа преку ноќ.  

Но ветивме дека ќе почнеме темелно и од корен.  

Дека ќе ја пресечеме врската помеѓу политиката и здравството. 

Дека ќе воведеме отчетност и нови принципи на управување.  

Ќе ги слушаме оние што работат на терен, и ќе ги ставиме пациентите на прво место. 

Во име на сето ова, а и во таа насока, го предлагам д-р Азир Алиу за нов министер за здравство. 

Д-р Алиу е доктор по информатички науки, професор, човек кој со години се занимава со управување со системи, податоци и дигитални решенија.  

Во време кога некои држави со еден клик добиваат дијагноза, ние сè уште трчаме од шалтер на шалтер.  

Време е тоа да се промени.  

И токму затоа веруваме дека неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето со здравствениот систем. 

Дали ќе биде лесно?  

Не, нема да биде.  

Но дали е можно?  

Да. Затоа што веќе покажавме дека може. 

Поминаа помалку од една година, а веќе се чувствува разликата.  

Започнавме со скрининг програми, ги намаливме листите на чекање, воведовме нови лекови на позитивната листа, а паралелно работиме на законски измени што ќе донесат системски ред. Истовремено се изготвуваат и големи инфраструктурни проекти – изградба и обнова на здравствени установи, но и дигитализација која ќе спречи злоупотреби и ќе овозможи секој пациент да има евиденција, услуга и пристап до системот. 

Во овој процес, д-р Алиу ќе има силна поддршка од мене како претседател на Владата.  

Но, и силна лична одговорност.  

Очекувањата од него се големи, а времето не ни е сојузник. 

Втората номинација се однесува на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.  

Го предлагам г. Албрим Хоџа за заменик министер. 

Земјоделството не е само економска гранка – тоа е начин на живот.  

Тоа се семејства, села, иднина. 

Тоа се нашите полиња, нашата храна, нашата безбедност.  

И за жал, и оваа област беше запоставена со години.  

Земјоделците беа оставени сами, без поддршка, без визија, со илјадници проблеми и ниту едно системско решение. 

Долгови коишто оваа Влада ги исплаќа, почнувајќи од 2021-та, 2022-та, 2023-та година.  

Г. Хоџа е млад, но сериозен човек кој знае како изгледа теренот.  

Верувам дека тој ќе даде силна енергија и ќе биде силна потпора на министерот и ќе придонесе кон тоа земјоделството конечно да добие системска рамка и визија за иднината, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека тие две номинации не се изолирани одлуки.  

Тие се дел од еден важен процес на освежување, на унапредување, на поставување нови стандарди.

Од првиот ден, Владата што ја предводам има јасна цел: да донесеме резултати.  

Не декларации.  

Не оправдувања.  

Туку резултати. 

Во првите 100 дена обезбедивме стабилност.  

Сега веќе гледаме раст на економијата, зголемена наплата на даноци без зголемување на стапките, нови инвестиции и раст на индустриското производство.  

Воведуваме ред во хаосот што го наследивме и создаваме услови граѓаните повторно да веруваат – не во партијата, туку во државата што функционира. 

Секако, ова не е крајот.  

Ова е само ново поглавје.  

Затоа што знаеме – предолго беа изневерувани граѓаните. 

Предолго чекаа.  

Предолго слушаа ветувања што никогаш не се исполнија.  

Токму затоа, нашата обврска е поголема.  

Ќе продолжиме со уште посериозно темпо.  

Ќе продолжиме со испорачување на мерливи резултати.  

Затоа, ве повикувам сите вас – да ги поддржиме овие предлози. 

Денес вие гласате за продолжување на еден процес на вистинска обнова, а не враќање назад.  

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата објави повик за две мерки за поддршка на почнување сопствен бизнис
Следна Статија Почина гостиварец искасан од пчели

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија подготвува нов пакет помош за Украина

Владата денес ќе донесе одлука за обезбедување нов пакет помош за Украина. Ова го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски,…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Митева: Мора да продолжиме на патот кон ЕУ, тоа е наша стратешка цел и за тоа ќе продолжиме да се бориме

Во подкастот ,,ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, Марија Митева, портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на тековните состојби…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан: Предводиме на патот на реформите

Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со Европската Унија, преку отворање…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да ја истераме правдата заедно, порачаа родителите на загинатите во Кочани

Со паролите „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“, „Колку детски животи треба да згаснат за…

November 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?