Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Безбедноста во Македонија е стабилна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Безбедноста во Македонија е стабилна
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Безбедноста во Македонија е стабилна

Објавено March 5, 2026 16:44
Сподели
Сподели

Безбедноста во Македонија е стабилна и во моментов нема закана од воените активности што се одвиваат на Блискиот Исток, изјави премиерот Христијан Мицкоски. На шестиот ден од вооружените судири меѓу Иран, САД и Израел, како и државите од Персискиот Залив каде што САД имаат воени бази, нашите разузнавачки служби не очекуваат проширување на конфликтот на Западен Балкан.

-Што се однесува до безбедносната состојба во државата, таа е стабилна и мирна. До овој момент не постои ризик за безбедносната состојба во земјата. Бевме на состанок на Советот за безбедност што го организираше претседателката, направивме анализа врз основа на информациите што ги добивме од службите, но и од надлежните министерства – тука мислам на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи. Врз основа на тие податоци можам да ги информирам граѓаните дека безбедносната состојба е стабилна, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Во однос на евакуацијата на нашите државјани кои се наоѓаат во зоните на конфликтот, премиерот рече дека државата ќе ги покрие трошоците за транспорт. Денес попладне со владиниот авион од Израел кон Скопје се очекува да пристигнат неколку државјани, како прва група евакуирани. Властите велат дека со тоа ќе заврши процесот на враќање на сите државјани кои побарале евакуација од Израел.

-Од денес почнува евакуацијата. За сите што бараат враќање од Бахреин, Катар и Обединетите Арапски Емирати веќе обезбедивме лет и државата ќе ги плати трошоците. Дел од оние што се во Израел и околните земји исто така ќе бидат евакуирани. Секој што се наоѓа во регионот каде што има воени дејства треба само да ги следи соопштенијата на Министерството за надворешни работи, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Poll: Are You Happy with Your PS Plus Essential Games for March 2026? – Push Square
Следна Статија Сиљановска Давкова: Како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе има четири различни влезови на новиот паркинг на Клинички, влезот за болните од рак е бесплатен, гостите ќе плаќаат највисока цена

Ќе има четири различни влезови на новиот паркинг на Клинички, односно за онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен, за пациенти…

August 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Малолетници на тротинет се тркаа со автобус на „Партизански одреди“

На булеварот „Партизански одреди“ во Карпош 3 биле забележани малолетници како на електричен тротинет се движат по средната сообраќајна лента,…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

​Ѓорѓиевски: Повикот на владата е транспарентен, нема да има заборавени општини

Јавниот повик на Владата за распределба на средствата нуди транспарентност и она што досега во минатото никогаш го немало, а…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

На локалитетот Влахо се откриени неолитски дрвени предмети, најстари во Европа?!

Најновите наоди од теренските истражувања на неолитската населба Влахо кај Живојно во Пелагонија, која е една од најстарите од овој…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?