Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија, одржливи јавни финансии и стабилност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија, одржливи јавни финансии и стабилност
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија, одржливи јавни финансии и стабилност

Објавено November 28, 2025 14:17
Сподели
Сподели

Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира стабилно и да инвестира во својата иднина, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во Клубот на пратеници на одбележувањето на Денот на даночните работници.

Денот на даночните работници не е само професионален празник. Тоа е ден кога треба да говориме за дисциплината, знаењето, моралот и професионалноста. Ден кога се потсетуваме дека јавните приходи не се бројки на хартија – тие се плати на наставници и доктори, нови патишта, функционален здравствен систем, поддршка за компаниите, социјална сигурност за секој граѓанин, подвлече премиерот.

Тој рече дека од јануари до крајот на октомври годинава, нето наплатата на даноците и социјалните придонеси достигна 3 милијарди и 600 милиони евра.

Тоа е за 260 милиони евра повеќе од минатата година. Во првите десет месеци имаме раст на даночната нето наплата од над 6%, раст на социјалните придонеси од речиси 15%. Ова значи дека економијата расте. Активноста се зголемува. Компаниите работат, платите растат, а со тоа растат и приходите. Но, тие бројки зборуваат и за нешто друго – за довербата помеѓу државата и бизнисот. За довербата помеѓу институциите и граѓаните. За тоа дека кога државата работи чесно и предвидливо, граѓаните возвраќаат со дисциплина и чувство на обврска, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека навременото поднесување на ДДВ-пријавите за јануари – септември 2025 година изнесува 95 отсто.

Во споредба со 2024 година, кога изнесуваше 92%, ова е огромен чекор напред. И уште поважно – навременото плаќање на ДДВ порасна на 81 процент. Во 2023 и 2024 тоа беше 76 отсто. Ова е доказ дека системот станува посилен, подисциплиниран и поефикасен. Сите овие трендови не се случајни. Тие се резултат на вашата работа, вашата посветеност, процесите на дигитализација, подобрувањето на услугите, поактивната комуникација со компаниите, но и на стабилната економска политика која ја водиме како Влада, рече премиерот.

Нагласи дека „ниту еден напредок нема вистинска вредност, ако не го браниме од најголемата закана за секоја држава – корупцијата“.

Затоа денеска, пред вас, ќе бидам кристално јасен. Борбата против корупцијата не е политичка флоскула, не е реторика за прес-конференции. Таа е реална работа. Таа е обврска. Таа е услов за опстанокот на системот. Како Влада, заедно со надлежните институции, воспоставивме јасни механизми: целосна дигитализација на процесите со цел да се намали секоја можност за злоупотреба; строга внатрешна контрола и следливост; нулта толеранција за притисоци, фаворизации и клиентелизам; јасни процедури и казнивост за секоја злоупотреба; подобрување на транспарентноста, бидејќи светлината е најсилниот непријател на корупцијата, истакна Мицкоски.

Во оваа борба, рече тој, УЈП е клучна фронт-линија.

Затоа што каде има корупција – нема доверба. Каде нема доверба – нема наплата. А каде нема наплата – нема држава. Затоа ви благодарам што покажувате висока професионална етика, и ве охрабрувам да останете бескомпромисни. Државата стои зад вас. И ќе стои зад секој чесен човек во институциите, истакна премиерот.

Мицкоски рече дека успехот не доаѓа случајно, туку е резултат на знаење, труд, дисциплина и чесност.

А токму тоа го покажувате секој ден. Како премиер, ви ветувам дека ќе продолжиме да инвестираме во вашиот капацитет, во подобри услови за работа, во дигитални алатки кои ќе го олеснат секој процес, и во политики кои ќе ја направат нашата земја уште поконкурентна. Нашата цел е многу јасна: силна економија, стабилни јавни финансии, праведно општество и држава во која даночниот систем е фер, ефикасен и целосно заштитен од корупција, истакна премиерот.

Додаде дека секој ден се прават чекoри во таа насока.

Денеска, јавно ви се заблагодарувам за најважното: за вашата работа, за вашиот професионализам и за вашата совесност. Благодарност за посветеноста и работата на директорката Елена Петрова. Среќен Ден на даночните работници. Продолжуваме да градиме заедно – чесно, транспарентно и одговорно, порача Мицкоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Акциски попуст за Arc Raiders на PC до 1 декември
Следна Статија Пожар во висококатница во Хонг Конг усмрти најмалку 55 лица, стотици се пријавени како исчезнати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се намалува криминалитетот кажа Тошковски во Собрание

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на пратеничко прашање за безбедносната состојба во државата рече дека статистиките покажуваат пад…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Искусни токсиколози ќе прават испитувања пред да бидат пуштат на домашно лекување повредените во Кочани

На повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во земјава ќе им бидат направени токсиколошки анализи пред да бидат…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Каја Калас немала план „Б“ за Македонија оти сѐ уште верувала во планот „А“

Високата претставничка за надворешна политика „Каја Калас“ денеска од Скопје рече дека нема план „Б“ за Македонија како што има…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема услови за авионска евакуација: Македонците од Израел ќе се спасуваат со брод – се огласи амбасадата

Поради затворање на воздушниот простор и аеродромот во Израел, македонските државјани кои се наоѓаат таму засега не можат да бидат…

June 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?