Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Без квалитетни образование и наука не можеме да јакнеме како нација и држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Без квалитетни образование и наука не можеме да јакнеме како нација и држава
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Без квалитетни образование и наука не можеме да јакнеме како нација и држава

Објавено January 2, 2026 13:44
Сподели
Сподели

Јас сум универзитетски професор и логично е дека образованието ќе биде еден од врвните приоритети, порача денес премиерот Христијан Мицкоски.

-Ценам дека без квалитетно образование и без квалитетна наука, не можеме како нација да јакнеме ниту како држава да јакнеме. И во име на тоа ги зголемуваме средствата кои се за поддршка на научно-истражувачките проекти. Ако започнавме со една состојба од 340 милиони денари во 2023-тата, веќе 2024 и 2025 се доближивме до ставката 680 милиони денари, веќе сега за 2026 имаме преку 770 милиони денари токму за ова. Дали е доволно? Не е. Дали треба повеќе? Треба. Но е многу повеќе од тоа што како состојба го затекнавме. Очекувам во годините кои што следат и со измените во Законот за високо образование во кој моите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера, ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови кои што ќе бидат објавувани во списанија со фактор на влијание и кои ќе бидат дел од базата на Томсон Ројтерс, рече тој.

Премиерот посочи дека е направена анализа која води кон тоа дека ако сакаме да имаме универзитет кој што ќе биде во првите 1000 на Шангајската листа, како држава мораме меѓу 8 и 10 пати да го зголемиме бројот на вака објавени научни трудови.

-Мислам дека со последните зголемувања, прилично се достоинствени примањата на професорите, доцентите и асистентите и мислам дека сега треба да се свртиме кон науката и за тоа за кое што е основната дејност на еден професор, а покрај образовната тој има и научна дејност, односно обврска да твори, посочи Мицкоски.

Се надева дека ќе се радуваме дека ќе имаме барем еден универзитет во првите 1000 на Шангајската листа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР: Расчистено убиството во Старата скопска чаршија, лишен од слобода осомничениот во Косово
Следна Статија Народна банка: Натамошен динамичен раст на дигиталните плаќања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Христијан Стојанов е уште еден херој кој спасувал животи во Пулс: Денови не можев да заспијам од глетките кои ги видов

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е еден од младите херои на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој храбро и несебично влегол…

March 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

И покрај решението на Уставен, продолжува „бетонизирање“ на Маврово

Во периодот од октомври 2024 до февруари годинава градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски потпиша триесетина решенија за одобрување…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Додов: На 40 хонорарци од ФИТР им е раскинат договорот – не доаѓале на работа или доаѓале во 12 а си оделе во 14 часот

Директорот Никола Додов изјави дека на 40 хонорарци од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) им бил раскинат договорот…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција

Во моментов во државата се лекуваат 23 пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани, повеќе од 20 се пуштени…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?