Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Благодарение на координираноста на институциите пожарот во Трубарево го изгаснавме за 30 часа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Благодарение на координираноста на институциите пожарот во Трубарево го изгаснавме за 30 часа
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Благодарение на координираноста на институциите пожарот во Трубарево го изгаснавме за 30 часа

Објавено September 15, 2025 22:03
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ говорејќи за последните случувања со пожарите на депониите истакна дека за пожарот во Трубарево експертите кажувале дека се потребни најмалку 7 дена да се изгаси, но со здружена акција на институциите истото се среди за помалку од 30 часа и додаде дека институциите делуваат и државата ќе се справи со овие предизвици.

„Во Трубарево нема чадење уште во текот на вчерашниот ден, а ако одите од првиот ден наназад и направите анализа, тогаш ќе добиете информација од страна на овластени лица за таа цел во којашто тие велеа тогаш дека најмалку ќе ни требаат 7 до 10 дена за да се стави целата работа под контрола, но со организирана активност на институциите заедно со пожарникарите за помалку од 30 часа се стави состојбата под контрола, односно веќе немаше чадење.“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека верува дека во Трубарево работата е завршена и дека има одреден слој на земја кој го има покриено сметот кој гореше и состојбата е стабилизирана, додека параметрите на загадување се далеку од тие кои се обидуваат со шпекулации и невистини да ги соопштува во јавноста опозицијата и не се животозагрозувачки како некој што се обидува тоа да го каже, посочувајќи дека ова не го кажува за да го оправда пожарот, туку да внесе мир и спокој кај граѓаните бидејќи тоа што се обидува опозицијата да го направи е да внесе немир, а реалноста е сосема поинаква.

„Во Вардариште, таму имаме веќе агенција која го обезбедува периметарот на депонијата која почната е да се создава веднаш по земјотресот во Скопје, значи тоа е проблем стар повеќе од 5 децении. И конечно останува Дрисла, денеска сум на линија со луѓето кои таму се обидуваат да го решат проблемот и некаде околу 95% е намалено чадењето и очекувам во текот на утрешниот ден и таму да биде решена целосно состојбата. Така што можам да кажам дека со здружена акција на институциите, овие три жаришта се решени иако ниту едно не е надлежност на државата, посебно тука зборувам за Дрисла.“, нагласи премиерот Мицкоски.

Во однос на одговорноста, премиерот Мицкоски посочи дека за таа цел околу десетина луѓе од раководната служба на Дрисла се повикани на разговор во СВР Скопје, се анализираат нивните изјави и исто така се очекува во текот на утрешниот ден да дадат искази како кога настануваат пожарите дел од опремата на Дрисла оди на сервис и е неподготвена за предизвиците и како луѓето земаат боледување, а активисти блиски до СДСМ и ДУИ ја посетуваат Дрисла.

„Така што сето ова во периодот кој следи ќе биде истражено и ако некој мисли дека ќе помине неказнет, тогаш се лаже. Што се однесува за Трубарево таму четири лица се приведени и има притвор, а исто и со приведените за Вардариште за кои е одреден притвор.“, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот додаде дека од Министерството за животна средина е издадена наредба до инспекторатот за вонредна контрола за сите депонии кои имаат лиценца, дали работат по закон, ако не работат да биде одземена дозволата, а за дивите депонии се задолжени општините да ги исчистат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мираковски: За една недела треба да ги имаме првичните резултати од мерењата за загаденоста на воздухот во скопско Трубарево
Следна Статија ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски ќе го награди полицискиот службеник кој спречи девојка да скокне и да си го одземе животот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по вчерашниот настан во Тетово, каде полициски службеници спречија трагедија и спасија млад живот,…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бог се јави- навистина се јави: Денеска е Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во близина на дискотеката во Кочани имало склад за нафта наменет за друг објект (ВИДЕО)

Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде во неделата рано сабајле во пожар загинаа 59 лица, а…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со Дарко Панчев: Две деветки во напад, сигурна победа

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. „Две деветки во…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?