Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Мицкоски: Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари
СПОРТ

Мицкоски: Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари

Објавено March 11, 2025 13:30
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски ги прими македонските ракометни репрезентативци кои настапија на Светското првенство во ракомет што се одржа во Република Хрватска. Премиерот Мицкоски им честита за борбеноста, пожртвуваноста и претставувањето на Македонија на ова престижно натпреварување.

„Во име на Владата и во мое лично име, сакам од срце да им честитам на нашите ракометари за одличниот настап и за гордоста што ни ја донесоа со своите храбри игри во Хрватска! Вие повторно покажавте дека со борбен дух, посветеност и заедништво можеме да ги поместиме границите на можностите и да ја претставиме Македонија во најдобро светло.

За таа цел Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари, како резултат на достоинственото претставување и пожртвуваноста на македонските спортисти во Хрватска.

„Секој ваш натпревар беше доказ за силата на македонскиот спортски дух. Борбата на теренот, срцето што го оставивте за нашиот дрес и поддршката што ја добивте од македонските навивачи се вистински пример за тоа што значи љубов кон татковината“, истакна пред ракометарите премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ се сретна со синот на Трамп
Следна Статија Пеце Мирчевски доби нови 30 дена, екс-директорот на СОЗР од СДСМ останува во притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Добра ждрепка за Вардар и во второто квалификациско коло од ЛШ

Ako го мине КУПС евентуалниот противник на Вардар ќе биде победникот од двомечот Сабах (Азербејџан) – ТНС (Велс). Евентуалниот двомеч…

June 17, 2026
СПОРТ

Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за намалување на бројот на…

June 8, 2025
СПОРТ

Македонските одбојкари се пласираа на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација  во Скопје ја совлада Грузија и избори учество на Европското првенство 2026. Македонците по четврти пат во…

August 18, 2025
СПОРТ

Македонија денес го пречекува Лихтенштајн во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација денес од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн во рамки…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?