Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на изборите, затоа во втор круг со голема масовност да ја заокружиме бројката од 59 градоначалници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на изборите, затоа во втор круг со голема масовност да ја заокружиме бројката од 59 градоначалници
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на изборите, затоа во втор круг со голема масовност да ја заокружиме бројката од 59 градоначалници

Објавено October 25, 2025 20:29
Сподели
Сподели

Ви благодарам за поддршката во првиот круг. Нијанси фалеа за да се заврши работата уште во првиот круг, но ние сме ВМРО-ДПМНЕ, ние одиме по потешкиот пат, ката што во втор круг убеден сум дека победата и довербата ќе бидат уште поголеми и Марија ќе биде следниот градоначалник на општина Неготино, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан во Неготино во рамките на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори на 2 ноември.

Мицкоски се осврна и на тоа дека на овие избори граѓаните јасно ја изразија својата волја и довербата која ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата каде што во првиот круг освои 33 градоначалници, наспроти три од СДСМ, а тоа е отприлика победа 11 спрема еден, а во втор круг влезе во 26 општини, меѓу кои е и општина Неготино.

„Веќе во две општини противниците на нашите кандидати се откажаа, тоа е општина Македонски Брод и општина Могила, така што можеме да кажеме дека во овој момент коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ има 35 градоначалника и уште во 24 општини е во вториот круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници. Ние ќе се бориме за секој еден човек, никого нема да го оставиме во позадина, ќе ги дадеме сите сили и ќе ја вложиме сета енергија што ја поседуваме да добиеме дополнителни сега веќе, 24 градоначалника и со тоа да заокружиме бројка од 59 градоначалници. Нешто што историски ќе значи најголем триумф на македонската политичка сцена“, истакна Мицкоски.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е апсолутен победник и ако на изборот на градоначалници се додадат и 58 општини каде што ВМРО-ДПМНЕ победи за советот или има мнозинство, што зборува дека поддршката на граѓаните е недвосмислена за политиките на Владата, но и за сето она коешто градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција го сработија изминатите четири години.

„Не смееме да заборавиме уште еден друг факт, а тоа е дека нашиот кандидат за градоначалник на Град Скопје има убедлива предност во однос на својот противкандидат, од 92, 93 илјади гласа на наспроти 30, тоа повеќе од 3 спрема 1 и очекуваме таа бројка на биде преку 125, преку 130 илјади освоени гласови на овие локални избори во вториот круг. Ако на ова се додаде и победата на советничката листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, тогаш заокружуваме фантастични 60 општини. До сега тоа никогаш во Македонија не се случило, една коалиција да победи во 60 општини. Навистина историски резултат“, рече Мицкоски.

Меѓу другото, Мицкоски повика, во вториот круг на 2 ноември да се излезе масовно на гласање, да се заокружи број 9 и со тоа да се потврди историски најголемата победа во Македонија и да продолжи развојот на државата и општините.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 19-годишник ќе одговара кривично: Силувал малолетничка
Следна Статија Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија, еве каде е Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

Партијата Левица реагираше на, како што велат, невиден облик на дискриминација од страна на властите во Македонија, откако им беше…

September 26, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети во Швајцарија по повод првото соопштение на УЧК

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, се обрати пред иселениците во Швајцарија, нагласувајќи ја загриженоста за состојбата…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

Oткако го шитнаа името, Зорица Заева во Фурка пеела песни од Антонис Ремос

Ставрос Цимас, познат грчки новинар во книгата „Скриени аспекти на македонското прашање“ открива низа малку познати детали поврзани со Зоран…

June 24, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Подготвени сме за избори во кое било време

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) е подготвен во кое било време да настапи на избори, вели лидерот Венко Филипче. Тој…

January 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?