Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Водици носи силна порака за верата, за храброста и подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и кога тој е тежок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Водици носи силна порака за верата, за храброста и подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и кога тој е тежок
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Водици носи силна порака за верата, за храброста и подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и кога тој е тежок

Објавено January 19, 2026 11:40
Сподели
Сподели

Богојавление е празник на откровението, на прочистувањето и на обновата, ден кога водата, како извор на живот, нè потсетува на потребата од духовна и морална чистота, напиша на Фејсбук, Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.
Водици носи и силна порака за верата, за храброста и за подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и кога тој е тежок.
Осветувањето на водите и фрлањето на Крстот е традиција, но и жива порака за доверба, за пожртвуваност и за надеж!
Овој голем ден нè потсетува колку е важно меѓусебното заедништво и добрите односи со сите луѓе. Во овие моменти, луѓето се собираат, се поддржуваат и ја споделуваат радоста, покажувајќи дека заедницата е најсилна кога е обединета околу вредности што нè надминуваат сите нас поединечно.
Посебно место имаат младите. Нивната смелост и вера се потсетник дека иднината се гради со карактер, со воспитување и со почит кон традицијата. Наша заедничка обврска е да создадеме средина во која ќе растат со силно чувство на припадност и одговорност кон општеството.
Нека Богојавление – Водици ни донесе духовна сила, трпение и мудрост!
Да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро!
За многу години!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Културистот Кали Мускул хоспитализиран по припаѓање во теретана
Следна Статија Писмото на Џон Кармак: Поглед назад кон стратегијата на Oculus

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Апатичноста е најголем сојузник на оние кои немаат добри намери кон државата, не им помагајте со седење дома

Премиерот Христијан Мицкоски, обкави јавно обраќање до оние кои се чувствуваат разочарани. Апатичноста е најголем сојузник на оние кои немаат…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во 15 часот и 46 минути започнува пролетта

Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 15 часот и 46 минути. Во исто време на јужната…

March 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Дадовме шанса, но од државниот јавен обвинител не добивме резултати

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, доби шанса како никој негов претходно што немал, еве петти, шести месец веќе, иако ние…

November 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Делчево: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот

Јас би сакал да кажам дека нема да се задржувам на делот за тоа што веќе претходните говорници го кажуваа,…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?