Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски во Виена ја повика македонската дијаспора да се врати дома
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски во Виена ја повика македонската дијаспора да се врати дома
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Виена ја повика македонската дијаспора да се врати дома

Објавено April 22, 2026 12:52
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во Виена остварил средба со нашите сограѓани од македонската дијаспора, со кои, како што објави, разговарале отворено за предизвиците, но и за можностите што ги имаме како држава.

Мицкоски, како што објави на својот Фејсбук профил, на средбите повикал „да размислат за враќање, за инвестирање и за активно вклучување во развојот на државата“, посочувајќи дека „како Влада, работиме посветено да создадеме стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри таквите чекори“.

Посебно ја истакнав важноста од продолжување и продлабочување на пријателските односи со Австрија. Блискоста меѓу нашите земји е јасна, а таа треба да ја претвориме во уште поголема економска соработка и нови инвестиции. Испратив порака до нашите луѓе во дијаспората, тие се нераскинлив дел од Македонија – објави Мицкоски на Фејсбук.

Премиерот пишува дека овие средби се важни затоа што градат заедништво и доверба.

Убеден сум дека само заедно, со поддршка од дијаспората и со силни меѓународни партнерства, можеме да ја движиме државата напред. Работиме посветено, чекор по чекор, со јасна цел економски развој и подобар живот за сите наши граѓани – објави Мицкоски.

Мицкоски заедно со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета во Виена, Република Австрија, во рамки на која, како што е најавено, ќе оствари средба со канцеларот на Република Австрија, Кристијан Штокер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ се скара и со градоначалникот на Крива Паланка: Не можел сам да одлучува или да се договара со Мицкоски за рудникот за антимон
Следна Статија АХВ: Немаме увезено спорна бебешка храна на брендот HiPP во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николовски: Заплените се зголемени за 48 проценти, изготвен е и нов Протокол со БЈБ за заедничко делување

Бројот на случаи на заплени во изминатите четири месеци е зголемен за 48 проценти, а соработката на национално и меѓународно…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бугарски непребол: Не можат да се помират зошто Шеќеринска, а не нивната Габриел

„Њамам трпение да работа с Радмила Шеќеринска“ вели во текстот на бугарски генералниот секретар на Алијансата Марк Руте, што на бугарски…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од сабота до вторник ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека од сабота до вторник ќе работи по неделен возен ред, додека жичницата ќе…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хрватите од Македонија сакаат да влезат во Уставот

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во уставот на земјата, бидејќи тоа ќе го…

March 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?