Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски во телефонски разговор со претседателот на ОАЕ: Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население се нарушување на меѓународното право
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски во телефонски разговор со претседателот на ОАЕ: Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население се нарушување на меѓународното право
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во телефонски разговор со претседателот на ОАЕ: Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население се нарушување на меѓународното право

Објавено March 2, 2026 11:23
Сподели
Сподели

Македонија, како членка на НАТО и стратешки партнер на САД, останува цврсто посветена на принципите на суверенитет и територијален интегритет. Во време на растечка неизвесност, неопходни се одговорност, координација со сојузниците и јасна определба за спречување на понатамошна ескалација, порачал премиерот Христијан Мицкоски во телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Во текот на разговорот, како што информираше премиерот преку Фејсбук, тој изразил искрена солидарност со народот на ОАЕ и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од нападите.

-Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население претставуваат грубо нарушување на меѓународното право и сериозна закана за регионалната и глобалната стабилност,  истакнал Мицкоски.

Во разговорот, додава тој, ја нагласил и потребата од засилена грижа и координација за безбедноста на македонските граѓани кои се наоѓаат во регионот.

-Информирав дека институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција доколку тоа биде потребно. Македонија, во контекст на своите стратешки интереси и сојузништва, ќе продолжи да дејствува принципиелно, внимателно и одговорно, во интерес на стабилноста и безбедноста, истакна Мицкоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Unlock the full potential of your Galaxy S26 with Spigen’s MagFit ecosystem – 9to5Google
Следна Статија Google teases ‘amazing things’ in Android 17 – 9to5Google

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

СКОПЈЕ-ГЕВГЕЛИЈА-СКОПЈЕ: Од денеска е вратена уште една железничка линија

Од денеска е вратена уште една железничка линија, Скопје – Гевгелија – Скопје.  Со новиот возен ред, кој е со…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Шаини: Мојата сопруга не е вмешана

Докторот Зекирија Шаини на денешната прес-конференција во Куманово ги отфрли како неосновани и невистините тврдењата дека зад неговиот случај стои…

October 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Цијанид во водата во Крива Паланка нема, утврди Државниот инспекторат за животна средина

Државниот инспекторат за животна середина утврди дека нема цијанид во водата на Крива река во Паланка, потврди директорката на инспекторатот,…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Битола ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство

Владата на 74 седница донесе и две важни одлуки од областа на образованието и тоа: Владата ја разгледа и усвои…

May 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?