Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Гасоводот со Грција се гради, се надевам наскоро ќе почне и градбата на северниот интерконектор со Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Гасоводот со Грција се гради, се надевам наскоро ќе почне и градбата на северниот интерконектор со Србија
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Гасоводот со Грција се гради, се надевам наскоро ќе почне и градбата на северниот интерконектор со Србија

Објавено June 10, 2025 19:33
Сподели
Сподели

Гасоводот со Грција е отпочнат да се гради, откако бил закочен, поради тоа што претходната Влада на СДСМ и ДУИ креирале спецификација, која не одговара на критериумите, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање за дали се гради гасоводот со Грција и какво значење ќе има за нашата држава.

Како Влада затекнавме еден проект, којшто седум години не беше поместен од место и кога беше извршена некаква евалуација, тогаш заемодавателите одлучија да го прекинат. Поради тоа што претходната Влада на СДСМ и ДУИ креирала спецификација таква што не одговара на критериумите, коишто ги даваат заемодавателите. На брза трака го ставивме тој проект, го корегиравме со новото раководство на НОМАГАС и тендерската документација, изјави Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираното Одделение за управни работи во Скопје.

Посочи дека оваа тендерска постапка е завршена, потпишан е договор со фирма изведувачи и во моментов траат градежните активности.

-Се надевам дека многу скоро од денеска сите заедно ќе појдеме на лице место и да се радуваме на уште еден проект, којшто е многу значаен за сите нас, бидејќи прво е двосмерен, не е едносмерен како цевководот, којшто доаѓа од Бугарија. Овој е двосмерен, а доколку се надевам и дека многу скоро ќе почне и градбата на северниот интерконектор со Србија, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека со изградбата на овие два гасоводи со Грција и Србија, како држава ќе сме на мапата на транзит на гас и многу значајна за транзит на гасот од југот, односно од терминалот Александрополи или пак од другите земји извознички на гас Азербеџајн, Катар и други земји, кон централна Европа.

-И ние како држава добиваме едно исклучително големо геостратешко значење. Тоа е една од моите лични цели, кои во овој мандат, во овој четиригодишен прв мандат да ја завршиме, подвлече Мицкоски.

Инаку, Министерството за енергетика, операторот НОМАГАС и изведувачот „Рапид Билд“ на 7 мај годинава го потпишаа договорот за реализација на проектот вреден 59,9 милиони евра. Интерконекторот од Неготино до Гевгелија кој треба да се поврзе со грчкиот дел што се гради од Неа Месемврија до границата, ќе биде готов за околу две години, а гасоводот ќе биде во функција во 2027 година. Со оваа врска, Македонија ќе може да се снабдува и со природен и со течен гас од терминалите во Ревитуса и Александруполи. Кумановската компанија „Рапид Билд“ ја доби работата на вториот тендер, со понуда што беше за 12 милиони евра пониска од втората најдобра – српска фирма.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
Следна Статија Филипче: Договорот од Преспа е пример дека две соседни земји можат сами да најдат решение

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Досега најсилен раст во авиосообраќајот, воведовме 23 нови линии, имаме рекордна бројка на патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа…

February 19, 2026
ЕКОНОМИЈА

Топ светски градови со најскапа кирија во светот

Во текот на изминатите пет години, киријата се зголеми низ европските и светските градови, предизвикувајќи протести. Рекордно високите цени на…

September 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Зајкова: Твоја Сметка – Твои Пари! Со предлог-законот за платежни услуги застануваме на страната на граѓаните

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка, Моника Зајкова, повикува на детално разгледување и поскоро носење на предлог - законот за…

November 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Седумнаесет избрани и именувани лица не ги пријавиле фирмите во кои имаат сопственички удел

Регистарот на вистински сопственици, односно луѓе кои имаат корист од една фирма т.е. не само оние кои се регистрирани како…

January 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?