Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски : Германската компанија „Костал“ е приказна за успех што ја движи македонската економија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски : Германската компанија „Костал“ е приказна за успех што ја движи македонската економија
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски : Германската компанија „Костал“ е приказна за успех што ја движи македонската економија

Објавено May 21, 2026 17:31
Сподели
Сподели

Германската компанија „Костал“ во Охрид е инвестиција што претставува инспирација за сите нас да продолжиме заедно и во годините што следуваат – да се надополнуваме, да се поддржуваме и заеднички да напредуваме – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на прославата по повод 10-годишнината од работењето на „Костал“ во Македонија.

Една деценија, според него, е доволно долг период за да можеме да се навратиме наназад и да направиме анализа за сè што е направено во Охрид од страна на „Костал“ и Владата на Македонија.

– Една деценија е доволен период за да оцениме дали сме направиле доволно, дали имаме простор заедно да направиме уште повеќе, да си поставиме нови цели и да направиме планови за да изградиме уште поуспешна иднина. Бидејќи, колку е поуспешен „Костал“ овде, во Охрид и во Македонија, толку и ние како држава ќе бидеме поуспешни и обратно – нагласи Мицкоски.

Приходите во компанијата, истакна, во последните пет години пораснале од 80 милиони евра на 280 милиони евра, колку што се очекува годинава.

– Тоа е исклучително значаен економски резултат не само за компанијата туку и за македонската економија, во која директно учествувате преку бруто-домашниот производ. Да се биде меѓу првите пет компании според извозот во македонската економија е навистина голем успех и јас од името на Владата сакам да ви се заблагодарам за сè што направивте во изминатата деценија – рече Мицкоски.

Честитајќи ѝ го 10-годишниот јубилеј на компанијата, премиерот рече дека Владата стои на располагање за сè што може да помогне.

Со повеќе од 200 милиони евра инвестиции „Костал“ ја прави најголема германска инвестиција кај нас во делот на автомобилската индустрија. Во компанијата во Охрид работат над 1.300 вработени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петер Маѓар: Правата на Унгарците во Украина се услов за преговорите со ЕУ
Следна Статија Салах е спремен за СП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Зошто бензинот е поскап во Германија отколку во поголемиот дел од ЕУ?

Германија е особено силно погодена од зголемувањето на цените на бензинот во споредба со остатокот од ЕУ. Работна група формирана…

March 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Нова инвестиција на германската „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ чии планови се…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Владата целосно застана во подршка на нашите транспортери, има доволно време да се најде вистинско решение

Владата застана рамо до рамо со превозниците на граничните премини, Ги посетив јас, ги поддржа и премиерот и тоа е…

January 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Очекуваме најмалку десет нови дестинации и преговараме за отворање на нова авиолинија од Будимпешта до Охрид

Преговараме со Визер да ја отвори линијата Будимешта -Охрид. Сметаме дека таа е поатрактивна бидејќи има што да понуди охридското…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?