Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ги труеле граѓаните со канцероген мазут за да се стекнат со богатство од над стотици милиони евра, секој кој се огрешил пред законот ќе одговара
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ги труеле граѓаните со канцероген мазут за да се стекнат со богатство од над стотици милиони евра, секој кој се огрешил пред законот ќе одговара
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ги труеле граѓаните со канцероген мазут за да се стекнат со богатство од над стотици милиони евра, секој кој се огрешил пред законот ќе одговара

Објавено March 12, 2025 14:05
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос акцијата на МВР за случајот канцероген мазут и мерките издадени од судот, изјави:

„Па видете, јас не би ги коментирал одлуките на судот. Тоа сум го кажал многу пати во минатото. Но можам да кажам дека овие луѓе коишто правеле стотици милиони евра бизнис на грбот на граѓаните, практично се богателе на грбот на македонските граѓани со тоа што користеле, ете такви недозволиви, би рекол, средства и согорувале таков тип на недозволиви материи со што го загрозувале животот и го уништувале единственото право на живот коешто е уставно гарантирано за сите граѓани.

Довербата во судството е таква каква што е. Јас тука немам што да додадам. Секој оној којшто се огрешил пред законот ќе одговара, јас тоа сум го кажал многу пати во минатото, без разлика за кого станува збор.

Но, исто така дозволете ми да се заблагодарам и на Министерството за внатрешни работи, на Бирото за јавна безбедност и останатите припадници на МВР коишто беа вклучени во акциите. Затоа што мора еднаш засекогаш да владее правото, правната држава и таа да биде подеднаква држава за сите граѓани, а не само за едни да биде мајка, а за други маќеа.

Така што еве ги охрабрувам овие акции коишто се во насока на борба против организираниот криминал, како што е овој случај за којшто вие зборувате.“

А во однос на тоа дека станува збор за набавка на сомнителен мазут, со сомнително потекло и квалитет, премиерот Мицкоски додаде:

Да почекаме истрагата да заврши и дури откако ќе заврши истрагата можеме да коментираме кои се сите основани сомневања за коишто овие лица ќе бидат обвинети. До тогаш ќе се држиме до она до коешто Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност го соопштија на јавноста.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија До крајот на месецот очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, тоа е добро за граѓаните и туристите, рече Мицкоски
Следна Статија Мисајловски: Нема да има македонски војници на украинско тло

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вучиќ се пофали дека има убави жени во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија (ВИДЕО)

На саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, претседателот на Србија, Александар Вучиќ се пофали со убавите жени во Врање, но…

November 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

Министерот за правда Игор Филков во интервју за МКД осврувајќи се на реформската агенда и законите кои се подготвени од Министерството за…

May 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Владата организира меѓународна конференција за пожарот во Кочани

Владата во Скопје ќе организира меѓународна конференција на 14 март, посветена на трагедијата во Кочани, за како што велат да…

March 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски на Пленарна седница во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон

На покана од конгресменот Мајкл Тарнер, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествувал и се обратил на…

May 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?