Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Големата доверба од граѓаните значи дополнителна мотивација за работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Мицкоски: Големата доверба од граѓаните значи дополнителна мотивација за работа
Blog

Мицкоски: Големата доверба од граѓаните значи дополнителна мотивација за работа

Објавено March 28, 2026 16:30
Сподели
Сподели

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денес во одговор на новинарско прашање во врска со анкетите, каде според бројките ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред останатите политички партии, истакна дека Владата прави се што е во нивна моќ да испорача резултати, и покрај, како што вели тој, катастрофалната состојба наследена од претходната влада. Тој додава дека бројките од анкетите, значат дополнителна мотивација за работа, иако опозицијата испраќа погрешни и навредувачки пораки.

,,Како ВМРО-ДПМНЕ и како Влада правиме се што е во наша моќ да испорачаме, и јас лично што е можно повеќе за граѓаните. За жал, состојбата коа што ја наследивме од претходната влада ужасна, катаклизмична. Грешките кои што се таложеле со децении и погрешните политики кои што имале негативен ефект врз државата се големи. Ресурсите се за жал како резултат на тие погрешни политики многу мали. И ние работиме врз основа на приоритети“, рече Мицкоски.

Во контекст на анкетите кои покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство пред останатите политички партии, Мицкоски истакна дека бројките само значат дополнителна мотивација за работа.

,,Овие бројки само треба да не мотивираат дополнително да работиме. Ова се само поголема одговорност и за мене како претседател на Владата, но и како ВМРО-ДПМНЕ како носечка партија во рамките на владината коалиција. Во јавноста знаете, од страна на опозицијата се испраќаат погрешни пораки, би рекол, пораки невистинити. Пораки навредувачки, пораки кои што имаат намера да растурат пердуви и по теркот на оние пиар стратегии колку фати фати, колку не фати тоа е тоа“, кажа Мицкоски и додаде:

,,Ние сме сериозна државотворна партија, така и се однесуваме во Владата. Јас како човек, ќе сторам се што е во моја моќ да испорачаме што е можно повеќе за граѓаните. Чуда никогаш не сме ветувале. Ако ги игнорираме оние лажни изјави, за наводни наши ветувања кои што никогаш не сме ги кажале од страна на опозицијата. Ние водевме кампања и во 2024, и во 2021, и во 2025 дека чуда не ветуваме, чуда се невозможни, оној кој што ветува чуда не ја говори вистината, ги манипулира граѓаните. Ветуваме многу работа, напорна работа, работа како никогаш до сега и што е можно повеќе политики, реформи за подобра иднина на граѓаните“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анестезиолошки техничар од ТОАРИЛУЦ и лидер на „Христијанско братство“ е уапсениот за вчерашното убиство во Охрид
Следна Статија Седлоски: Нема причина некој да е навреден затоа што не е стартер!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски со порака до поддржувачите на СДСМ: Во недела гласајте за број 9 за катарзата и реформите во СДСМ да почнат

Митко Костадиновски е човек којшто си ја сака и се бори за проект повеќе за Виница, човек голем патриот и…

October 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од понеделник можно е ново намалување на акцизите за горивата

Нема да банкротираме, опозицијата ќе гледа како се реализираат капитални проекти, кажа премиерот Христијан Мицкоски денеска при посета на Општина…

July 15, 2026
Blog

Нема да се зголеми ДДВ, уверуваат од Владата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата нема намера да ги зголемува давачките откако Светска банка предложи зголемување на ДДВ-то…

December 16, 2024
Blog

Open world PS5 game Project Windless is part-God of War, part-Dynasty Warriors, and has a veteran Far Cry director as its lead – Eurogamer

Krafton has unveiled open-world fantasy adventure Project Windless for PlayStation 5 and PlayStation 5 Pro.

February 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?