Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски го претстави новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Драган Ковачки е нов ген сек
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски го претстави новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Драган Ковачки е нов ген сек
ПОЛИТИКА

Мицкоски го претстави новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Драган Ковачки е нов ген сек

Објавено February 6, 2026 20:09
Сподели
Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска го претстави новиот состав на Извршниот комитет на партијата, како и новиот генерален секретар, во рамките на процесот на обнова, јакнење и модернизација на партијата.

– Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата. Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните – изјави Мицкоски пред присутните медиуми.

Како што најави, партијата ќе продолжи со отворање кон нови идеи и кадри, со фокус на транспарентност, инклузивност и подобрување на организацијата.

– Во периодот што следува, ќе имаме избор на претседатели на општинските комитети, како и нови раководства на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани, со јасна визија за иднината и со фокус на квалитет, одговорност и резултати – додаде Мицкоски.

Нов генерален секретар е пратеникот Драган Ковачки, додека новиот Извршен комитет се составува од искусни партиски лица и нови членови, вклучувајќи:

Александар Николоски – министер за транспорт и потпретседател на Владата

Владо Мисајловски – министер за одбрана

Гордана Димитриеска-Кочоска – министер за финансии

Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешна трговија

Ѓорѓија Сајкоски – досегашен генерален секретар

Антонијо Милошоски – потпретседател на Собранието

Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Скопје

Кирил Пецаков – градоначалник на Охрид

и други истакнати членови на партијата од Владата и локалната самоуправа.

Дополнително, во составот ќе се приклучат новите претседатели на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани, како и организацискиот секретар Ивица Томовски и шефот на кабинетот Владимир Нелоски.

– Во услови кога опозицијата не нуди решенија и е целосно безидејна, знаеме дека решението е силен граѓански инпут за стабилна и обединета ВМРО-ДПМНЕ. Продолжуваме по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани – заклучи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За овие три хороскопски знаци не постои „не можам“
Следна Статија ФФМ го казни Сејдини поради финансиска измама

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски оствари средба со Борјана Кришто: Понудив помош и изразив искрено сочувство за жртвите и настраданите од невремето во БиХ

Премиерот Христијан Мицкоски денес оствари средба со Претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ), Борјана Кришто. -При…

October 9, 2024
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Безбедноста на децата и условите за учење се обврска на секоја општина

„Нема поголема инвестиција од онаа во децата. Тие се нашата иднина, нашата сила и најголемата причина да градиме подобар Центар,“…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

Трагедијата во Кочани главна тема на средбата Сиљановска Давкова-Радев, се разговарало и за евроинтеграциите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со шефот на бугарската држава Румен Радев во рамки на „Акаба процес Балкан…

April 4, 2025
ПОЛИТИКА

Петровска до Мицкоски: Среќна нова 1949!

Пратеничката Славјанка Петровска во краток коментар на постот на Мицкоски само му порача дека спорот завршил во едно рочиште… Премиере,…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?