Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Граѓаните во првиот круг гласаа за Македонија, во вториот круг излезете уште помасовно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Граѓаните во првиот круг гласаа за Македонија, во вториот круг излезете уште помасовно
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Граѓаните во првиот круг гласаа за Македонија, во вториот круг излезете уште помасовно

Објавено October 25, 2025 13:45
Сподели
Сподели

На денешниот настан во општина Лозово под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамки на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат следната недела на 2 ноември, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој се осврна и на кандидатот и актуелен градоначалник на Лозово, Бошко Цветковски посочувајќи дека е трудољубив млад човек, прекрасна личност и голем Македонец, човек којшто го сака своето родно место и човек кој се бори за проект повеќе за Лозово и неговите жители.

Затоа, сакам јасно ад ставам до знаење дека ја има мојата лична, недвосмислена поддршка и исто така ја има поддршката на владата со која заедно со општина Лозово ќе направиме многу проекти овдека. Така што, јас сум убеден дека Бошко не само што е добар и успешен градоначалник, туку сигурен сум дека ќе биде добар и уште поуспешен градоначалник во следните четири години“, посочи Мицкоски.

Понатаму, Мицкоски истакна дека, на овие избори граѓаните јасно кажаа која политичка партија е таа којашто е нивен избор во Македонија.

„На овие избори во 59 општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата или веќе освои градоначалник, или убедливо води и во шест општини е многу блиску до првото место, односно е второпласирана. Во првиот круг освоивме 33 општини и веќе имаат градоначалници од редовите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, двајца против кандидати на нашите кандидати за градоначалници веќе се откажаа, што значи 35 и од 24 очекувам, сите 24 да бидат градоначалници. Ние ниту еден човек нема да оставиме, за секое место, за секоја општина ќе се бориме, затоа што знаеме дека нашите противкандидати не нудат иднина, туку нудат враќање назад во она тешко минато, минато кога се ограбуваше и национално се понижуваше нашата Македонија. Така што, на крајот овие избори очекувам ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата да имаат 59 градоначалници“, рече Мицкоски.

Додаде дека волјата и недвосмислената поддршка на народот се потврди со тоа што во 58 општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победија на советничките листи и во најголемиот дел од тие општини. Имаме, кажа Мицкоски, веќе убедливо мнозинство во советите.

Мицкоски зборуваше и за тоа дека на овие избори имаме две опции, едната е масовно да се поддржи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во случајот со Лозово кандидатот и актуелен градоначалник Бошко, со кој е убеден дека многу ќе се направи за општината.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Егзит“ потврди дека доаѓа во Македонија: Скопје домаќин на најголемиот фестивал во целиот регион идното лето
Следна Статија Уапсен кралот на фентанилот и еден од најбараните бегалци во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод

Независниот кандидат за градоначалник за општина Македонски Брод, Милосим Војнески објави на Фејсбук дека се повлекува од изборната трка во…

October 23, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ остана и без Струмица: Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа

Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, вечерва прогласи победа. Тој во своето обраќање истакна дека…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев во одбрана на картелот, медицинската марихуана како параван за организиран криминал

Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во…

February 9, 2026
ПОЛИТИКА

Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

„Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација…

July 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?