Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Да влеземе прво во град Скопје, имаме многу работи да решиме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Да влеземе прво во град Скопје, имаме многу работи да решиме
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Да влеземе прво во град Скопје, имаме многу работи да решиме

Објавено October 13, 2025 18:11
Сподели
Сподели

Граѓаните да излезат масовно на локалните избори, за да влеземе што поскоро во град Скопје и да ги решаваме работите, порача денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по средбата со претставници на Стопанска комора на северо-западна Македонија, во рамки на изборната кампања.

– Да влеземе прво во град Скопје. Од оние информации што ги имаме добиено, а се аларматни, таму има многу работи што треба да се решат, пред се, должничко-доверителни односи. Затоа ги замолувам граѓаните да излезат масовно на 19 октомври, Орце Ѓоргиевски да биде идниот градоначалник и да можеме што поскоро да влеземе во администрацијата и да ги надминеме сите предизвици со кои ќе се соочиме, рече Мицкоски, на новинарко прашање.

Според Мицкоски, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во скопскиот регион на денешената средба во Стопанска комора на северо-западна Македонија имале искрена и плодна дебата која се темелела на реални и конкретни примери кои треба да се завршат.

Приоритет, најави, ќе биде завршување на патната клучка кај Момин Поток и патот кон Индустриската зона.

– Со право реагираат стопанствениците во овој дел на градот Скопје, бидејќи гледате во каква состојба е пристапот во оваа зона, се уште клучката до Момин поток е до никаде, а учеството на оваа зона во БДП е значително. Тоа ќе ни биде еден од врвните приротети, завршување на клучката и реконструкција на патот до зоната. Исто така, во текот на овој месец очекуваме конечно да се заврши сагата за автопатот Скопје-Блаце и конечно очекуваме да добиеме понуда во рамките на планираните средства што се за таа намена, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oсмани одбил ТВ дуел со Меџити
Следна Статија Поевтинуваат горивата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонија ќе има најниски цени на горива во регионот, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури…

March 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Загрижен сум од нивото на култура на Трендафилов

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е загрижен од нивото на култура на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кој вчера упати…

February 12, 2026
ПОЛИТИКА

Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби и ДУИ, СДС само молчеле на криминалот

Лотарија функционирала како приватна фирма на ДУИ, СДС само молчеле на криминалот. Со молчењето и прикривањето, СДС се соучесници на…

December 30, 2024
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно

Кандидатот за втор мандат и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Тема на денот“ во вестите…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?