Мицкоски: Да се направи јасен акциски план во догледен рок и да се одвојуваат од Буџетот пет проценти за потребите на НАТО

- Advertisement -

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со одвојувањето на пет проценти од Буџетот за одбраната денеска појасни дека барањата се да се направи јасен акциски план во догледен рок и практично да се одвојуваат од Буџетот пет проценти за потребите на НАТО.

– Тука треба да сме свесни дека во тие пет проценти влегуваат и инфраструктурните проекти како капитални инвестиции кои практично ќе бидат користени за потребите на Алијансата, изјави Мицкоски по посетата на реконструираното одделение за систематски преглед во Институтот за јавно здравје.

Тој додаде дека тука влегуваат и голем број од инфраструктурните проекти кои како држава ќе ги правиме.

– Ние во моментот сме нешто над 2,5 проценти, а тоа што беше на времето максимум или плафон од 2 проценти, сега е минимум како што таму се вика. Многу голем број од земјите членки на НАТО се уште не го издвојуваат тој минимум, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија