Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до опозицијата за предвремени избори: Нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат — може и да им се оствари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски до опозицијата за предвремени избори: Нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат — може и да им се оствари
ПОЛИТИКА

Мицкоски до опозицијата за предвремени избори: Нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат — може и да им се оствари

Објавено October 23, 2025 16:08
Сподели
Сподели

Локалните иззборите од првиот круг, изразени низ освоените градоначалнички и советнички места, ја докажаа доминантната улога и поддршка што ја има ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. И ова докажува дека народот има надеж и очекувања кои нема да ги разочараме ниту изневериме, истакна премиерот Мицкоски на свечената академија на Денот на македонскатта револуционерна борба.

Премиерот нагласи дека нашата опозиција, која доживеа историски дебакл, ја слушам како се храбри, па дури и прави пресметки околу пратенички места. Сфаќам дека се наоѓаат во тежок изборен нокаут од народот, но со нереални математики само дополнително го иритираат.

Она што е интересно е што дури и во нивните анализи тие кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ имаа јасна и чиста победа. Нема пресметка во која тие би победиле на било каков начин. Тоа покажува дека сè уште не научиле ниту една лекција, што во извесна мера е и потценување на сопствениот народ и гласачи.

Мицкоски смета дека ово извесна мера е и обид да создаде алиби за својот дебакл. Да го задржат лидерството од бранот незадоволство на членовите на таа партија.

Овој бран на огромна поддршка за нас и ваква разлика со конкурентите е огромна одговорност за нас, и ние ќе работиме да ја оправдаме довербата.
А на опозицијата им оставаме време да се консолидираат и да размислат дали ќе се осмелат да одат на предвремени избори, кои јас не ги посакувам и сметам дека се непотребни и дека е време за резултати и голема офанзива на секој план.Но нивната весела математика и оваа упорност со надмудрување и создавање на вештачки теми и блефови треба да добие соодветен одговор.

Затоа нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат — може и да им се оствари.

Последните избори испратија порака и до нивниот вечен партнер – ДУИ

ДУИ доби порака од народот и Албанците дека доста беше политиканство и злоупотреба на етничките теми за лични интереси и богатење. И овој резултат се случи затоа што тие не разбраа дека додека се занимаваат со орли, врани и зајци, народот е уморен од чекање за подобар живот – живот што граѓаните 20 години не го добија со таа партија. Го чув и нивното барање за предвремени парламентарни избори. Тие се надеваат на тоа за да се спречи падот што евидентно го имаат, а таа удолница што ја фатија е поголема од онаа што се оди од Стража кон Зајас.

Сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката, нека го видат, нека научат од примерот на падот на ДУИ и ќе разберат на што мислам.
И тоа е добра лекција дури и за Билал Касами, кој мора да разбере дека секогаш сум подготвен да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизам и слични етнички продуцирани разлики.

Ако тоа е така, тогаш апсолутно не ја гледам разликата меѓу него и Али од Зајас, кого сака да го смени?
Не треба луѓето да се третираат како контингенти гласови кои може човек да ги насочи. И тоа е погрешно.. Луѓето треба да се третираат како луѓе со судбини кои сакаат подобар живот и кои треба да гласаат по сопствено убедување.Сакам да кажам дека ниту еден од нас не ги има гласовите во својот џеб и дека поддршката треба да се гради со обединување околу вредности, а не низ призмата на етничка припадност и разлики. Се поинаку од ова сметам дека е грешка.

Треба да прифати дека станал градоначалник со волјата и поддршката на Македонците, која не треба да си дозволи да ја изневери.Секој чекор има акција и реакција, а јас секогаш ќе се однесувам така како што е најдобро за граѓаните и државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
Следна Статија (ВИДЕО) Пред ДИК протест за поддршка на првиот градоначалник Албанец на Чашка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Нов кружен тек, нов мост и други инфраструктурни проекти ќе добие општина Аеродром

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на општина Аеродром, на една од најкритичните сообраќајни…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Oфицијално: Изет Меџити ќе трча за Чаир

Попладнево од Влен соопштија повеќе имиња за нивните кандидати за градоначалници. Актуелниот министер за животна средина и просторно планирање Изет…

August 1, 2025
ПОЛИТИКА

Чонески: Да ставиме крај на недомаќинското работење на актуелната локална власт во Крушево

Нико Чонески во вториот круг на локалните избори ќе се бори за градоначалничкото место во Крушево. За градот кој го…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

Додека ДУИ беше дел од власта се согласи да се укине балансерот, сега бараат причина за дестабилизација

Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се,…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?