Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: До тоа дереџе дојде СДСМ, да прави пактови со лица на црни листи, да се сојузува со Левица, да сe надева на ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: До тоа дереџе дојде СДСМ, да прави пактови со лица на црни листи, да се сојузува со Левица, да сe надева на ДУИ
ПОЛИТИКА

Мицкоски: До тоа дереџе дојде СДСМ, да прави пактови со лица на црни листи, да се сојузува со Левица, да сe надева на ДУИ

Објавено October 12, 2025 19:27
Сподели
Сподели

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес имаше свое обраќање, од народниот митинг одржан во Свети Николе, во рамки на изборната кампања 2025 година, која е под слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, за претстојните локални избори. Мицкоски се осврна на правосудниот систем во земјата, поконкретно тоа што лидерот на опозициската СДСМ смета дека 2% доверба во правосудниот систем значи дека судиите и обвинителите се професионалци.

Според Мицкоски, 2% доверба се последица на неказнет криминал, и сознание дека повеќе од 100 пријави се во фиоките на судиите и обвинителите кои пак, им служат на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Тој зборуваше и на темата за трката за градоначалник на Град Скопје, и истакна дека кандидатот на СДСМ, е во трка со независните кандидати, а не со кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Секој од вас, длабоко во себе знае дека луѓето од опозицијата кои се нудат за алтернатива се луѓе кои Македонија со години ја упропастуваа и ја држеа силно закована на дното. Луѓе кои не изградија ништо за народот, а за себе си обезбедија привилегии, удобства, дворци, хациенди и замоци. Она што сега ги мачи е чувството и сознанието дека се ближи времето на одговорност и се стега обрачот и околу нив и околу оние кои упорно ги штитат. За тие што ги штитат, пак, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе каже дека биле големи професионалци, а тие кои што ги штитат и се нивниот последен бастион, се малкумина обвинители и судии, и поради нив денеска довербата на народот во обвинителите и судиите е скромни 2 проценти. Тие два проценти доверба се последица на секој неказнет криминал, на сознанието дека повеќе од 100-тина пријави држат во фиоки и ја штитат својата политичка олигархија по секоја цена. Тие малкумина се нивните лакеи и измеќари, кои што се уште и служат на претходната влада на СДСМ и ДУИ “ вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека СДСМ не се бори за Македонија, туку за нивните лични кариери. Тој се осврна и на трката за градоначалник на Град Скопје, при што истакна дека кандидатот од СДСМ не е во трка со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, туку со независните кандидати.

,,Ова за СДСМ не се избори за спас на Македонија, туку избори за спас на нивните лични кариери. Тие се уплашени од одговорност и затоа ова тесна мала група која што ја има киднапирано СДСМ ја држи цела држава Македонија во грч. И како такво, јас ова го разбирам како потценување на гласачите и директна уцена врз цела држава. Јас ја кажувам вистината во очи, без оглед на тоа дали Филипче ме мразел или презирал, како што тоа го кажа на еден од последните митинзи. И тоа што ме презира е помало гајле, поголемо е што таа негова политика на навреди, на ниски зборови, кои што не би требало човек интелектуалец да ги кажува, па колку и да чувствува гнев кон мене и кон ВМРО-ДПМНЕ, ја доведе СДСМ на едвај 120-130 илјади гласови, а во некои општини, оваа политичка партија е трета, во некои е и четврта опција. Во главниот град, на пример, очекувањата се дека нивниот кандидат за градоначалник на Скопје нема да ја надмине бројката од 30 илјади гласови. Што во суштина, е далеку под нивниот биолошкиот минимум, и е доволна основа да биде трка не со ВМРО-ДПМНЕ и со Орце Ѓорѓиевски во Скопје, туку со некои од независните кандидати“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека СДСМ стигна да прави пактови со други опозициски партии како Левица и ДУИ, со цел да извади некаков резултат, но според него, тоа што владата на СДСМ остави 500 илјади граѓани со по 150 денари на ден, нивната двоцифрена инфлација, и празна државна каса, ќе доведе до тоа тие да изгубат на претстојните локални избори.

,,До тоа дереџе дојде СДСМ, да прави пактови со лица на црни листи, да се сојузува со Левица, да се надева од Али и ДУИ, само за да извади некаков резултат. Не е важно дали мене ме презира Венко Филипче, туку негов проблем е што него, во суштина, го неќе народот поради сите криминали и предавства што ѝ ги сервираа на Македонија и ѝ ја одземаа иднината на државата. Тоа што оставија 500 илјади наши граѓани, половина милион со по 150 денари на ден, тоа што донесоа инфлација која во нивно време беше двоцифрена, цени кои вртоглаво растат, а празна државна каса. Е затоа, господа од СДСМ, ќе загубите убедливо, а на овие избори, уште еднаш Македонија ќе победи“, заклучи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Столе Димитриевски пред утрешниот меч: Позитивен резултат во овој момент за нас е само победа
Следна Статија Три знаци кои ќе имаат најдобра недела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Граѓаните ќе одлучат кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат

Очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Ги повикувам луѓето да излезат во…

October 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски – Мизо: 55 отсто од странските инвеститори планираат повторни вложувања

Македонската економија се движи кон состојба на консолидирање, 55 отсто од странските инвеститори планираат повторни вложувања, порачаа денеска премиерот Христијан…

March 11, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев во одбрана на картелот, медицинската марихуана како параван за организиран криминал

Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во…

February 9, 2026
ПОЛИТИКА

Левица повторно на иста линија со ДУИ, со поддршка на кандидатот Фатмир Дехари во Кичево

Во тема на денот на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, кој одговараше на повеќе…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?