Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до Филипче: Изборите ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети, ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски до Филипче: Изборите ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети, ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Филипче: Изборите ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети, ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате

Објавено October 1, 2025 19:20
Сподели
Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Демир Капија кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на постапките на претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

„Mорам да прокоментирам една изјава на претседателот на СДСМ. Тој кажа дека немам право да го обвинувам СДСМ и ДУИ за судството и обвинителството, затоа што 15 месеци сме биле Влада и немало некои големи кривични случаи. Затоа чувствувам потреба да му одговорам, нема големи кривични случаи само поради една причина, а тоа се малкумина ваши лакеи кои ги има во обвинителството и судството кои не дозволуваат вака големи кривични пријави иако истражните органи како МВР и останатите надлежни сработија десетици случаи на висока корупција кога влада беа СДС и ДУИ“, кажа Мицкоски.

Мицкоски објасни дека сега грчевито нивните лакеи заедно со нив се борат да се опструираат истрагите поткрепени со докази за да можат оние поранешни функционери од СДС и ДУИ кои, како што рече, ја крчмеа, распродаваа, разнебитуваа Македонија, ќе одговараат.

„Но, имам лоша вест, локалните избори ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети и ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате. Обрачот се стега и нема бегање од одговорност. А сите ваши лакеи добро што се малкумина ќе бидат разрешени и ќе одговараат за попречување на правдата“, вели Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голем пад на американскиот долар
Следна Статија Британскиот министер до Маск: Губи се од нашата политика и од нашата земја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Јаревски: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити

Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити.…

January 29, 2025
ПОЛИТИКА

Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник

Предлозите на Владата за нов министер за здравство и нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во понеделник ќе се…

June 4, 2025
ПОЛИТИКА

Мисајловски: На 19 октомври Чучер Сандево ќе покаже дека знае да избере чесност и посветена работа

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на денешниот митинг во Општина Чучер Сандево истакна дека општината е со историја, со достоинство,…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

Попов: Владеењето на СДС ги доведе младите во тотална апатија

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, Унија на млади сили“ гостуваше пратеникот и претседателот на Унија на млади сили, Сергеј Попов, кој…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?