Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Објавено February 26, 2026 12:46
Сподели
Сподели

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време на транзицијата некои ваши претходници во СДСМ ги оставија на улица, а денеска се пензионери, и голем дел од нив со времето станаа транзициони херои, ограбувајќи го народниот имот, а стотици илјади луѓе тогаш останаа на улица како технолошки вишок. И за жал, пред доаѓање на оваа Влада, нивните пензии беа, би рекол, катастрофални. А со доаѓањето на оваа влада нивните пензии сè уште не се во најдобра кондиција, односно онакви какви што заслужуваат да бидат. Но, еве колку што можевме во рамките на можностите, имајќи во предвид дека наследивме празен буџет кој што претходната влада на СДСМ и ДУИ го испразни и немилосрдно го истроши, успеавме да заштедиме средства и на пензионерите да им ја зголемиме пензијата”, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на пратеничко прашање.

Мицкоски истакна дека Венко Филипче и СДСМ ги напаѓаат пензионерите и нивните покачени пензии, но како што рече Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на пензионерите и на сите граѓани.

Така што јас навистина жалам што ги напаѓате пензионерите и мислам дека тоа не е добра тема. Ние ќе продолжиме да работиме во интересот на пензионерите, исто како што ќе продолжиме да работиме во интересот на сите работници. Последните податоци на ДЗС велат дека просечната плата за минатата година е зголемена за 9,6 проценти. Дали е тоа доволно? Не. Дали треба повеќе? Да. Но тоа се можностите кои што во овој момент македонската економија ги има и тоа се можностите кои што ние како Влада ги имаме во смисла на тоа да се договориме со нашите колеги во образованието, во Министерството за внатрешни работи, во Министерството за одбрана, во здравството каде што и вие добивате плата, и во останатите сектори, вклучително и последниот договор што го направивме со УПОЗ и САДУ и да постигнеме договор за примањата на нашите колеги до 2028 година, до кога оваа влада има добиено мандат од граѓаните”, рече Мицкоски и додаде:

 

„После тоа ќе видиме. Но, иако уште сега ви кажувам дека и после 2028 година ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери ќе ја формираат следната влада. А за жал со вакви политики што имате ненародни и претставувате мекото ткиво на македонскиот идентитет и на македонската политичка сцена и со вакви мекотелни изјави и прашања кои што сега ги поставувате, за жал не гледам како да повратите барем малку од онаа супстанца, која што ја изгубивте кај македонските гласачи. Но, тоа е ваш проблем, не е мој проблем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Actor Robert Carradine Dies At Age 71 – Deadline
Следна Статија Actor Robert Carradine Dies At Age 71 – Deadline

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ гласаа против „Безбеден град“ и покажаа дека се против безбедноста на граѓаните

Пратениците на СДС и ДУИ дадоа „црвен картон“ и гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот, додека сите останати ја…

January 25, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Двојни аршини, Кацарска против покачување на пензиите, но за повисока судска плата и привилегии

Добрила Кацарска е на функцијата уставен судија како награда од СДС за добро завршената работа во случајот за 27 април.…

November 23, 2025
ПОЛИТИКА

Герасимовски води во Центар

Според неофицијални извори од партиските штабови, на локалните избори во Центар предност има актуелниот градоначаник Горан Герасимовски пред кандидатот на…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Имаме визија за просторно планирање, зелена инфраструктура и енергетска ефикасност за поубаво Скопје

На вчерашниот митинг во Скопје, со кој започна кампањата за претстојните локални избори, имаше свое обраќање Орце Ѓорѓиевски, кандидат за…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?