Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна, кога беа на власт имаше само многу криминал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна, кога беа на власт имаше само многу криминал
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна, кога беа на власт имаше само многу криминал

Објавено August 24, 2025 15:18
Сподели
Сподели

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на самиот почеток ги отфрли сите обвинувања за етничка нееднаквост од страна на ДУИ и истакна дека ДУИ означува криминал, неспособност и корупција, како и дека тезите се неконструктивни со што приложи докази за финансиската поддршка од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кон општините кои ги предводат градоначалници токму од ДУИ.

Нивната улога во Владата значи многу криминал, многу неработа, многу неспособност, многу корупција, и сега тие ставаат знак на еднаквост помеѓу сите овие епитети коишто го има нивното учество во Владата и етничката поларизација, доколку тие не се тогаш тоа било етничка поларизација, мислам дека таа теза им е погрешна. Еве на пример да речеме ако ги гледаме бројките ќе го споменам Кичево. Кичево градоначалник е Фатмир Дехари од ДУИ, во првиот повик скоро 56 милиони денари, проекти финансирани од оваа Влада, во вториот повик скоро 330 милиони денари, или вкупно 385 милиони денари за 16 проекти, тоа е повеќе од 6 милиони евра. Струга на пример, градоначалник е од ДУИ господинот Рамиз Мерко којшто е на листата на санкции на САД, во првиот повик има еден проект којшто е околу 135 милиони денари, вториот повик има 5 проекти вредни 307 милиони денари или вкупно 443 милиони денари. Сарај, во вториот повик имаме 5 проекти од близу 320 милиони денари, коишто оваа Влада ги обезбедила за општина во којашто градоначалник е од редовите на ДУИ, појасни Мицкоски.

Премиерот исто така истакна дека за време на владеењето на СДСМ и ДУИ не финансирале ниту еден проект во општините каде градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку одиме назад и доколку ги анализираме првите три години на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ дали некој од нив ќе се сети на проект којшто е финансиран од владата на СДС и ДУИ, одговорот е ни еден. Повеќе од 40 општини не добија буквално ниту еден проект којшто го финансираше таа влада. Јас навистина ги отфрлам како неконструктивни и пораки коишто припаѓаат на минатиот век, навистина жалам што нереформираното, криминално и коруптивно ДУИ сè уште живее во тие години, и уште мисли дека со таков тип на пораки ќе придобие симпатии во јавноста мислејќи дека ако се радикализира, мислам дека грешат и тоа ќе го видат на локалните избори коишто ќе се случат за помалку од два месеци, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ивановски: Пругата Скопје-Кичево ќе се електрифицира со што ќе се намали загадувањето
Следна Статија Кавадарци: Си седел во дворот, дома му влетале со автомобил – завршил во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет

Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет на Република Македонија. Советот денеска на 510-тата седница со 13 гласа…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Крешник Бектеши сѐ уште е во полициска станица

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е сѐ уште во полициска станица откако вчера беше повикан на информативен разговор во…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Жените во руралните средини се столбот на заедницата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, на која се…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1

Анкетата за задоволство на корисниците на судските услуги покажува дека генералната оцена за перформансот на судовите е 3,1. Во споредба…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?