Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Еврејската заедница останува дел од нашата историја, нашето секојдневие, нашата иднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Еврејската заедница останува дел од нашата историја, нашето секојдневие, нашата иднина
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Еврејската заедница останува дел од нашата историја, нашето секојдневие, нашата иднина

Објавено March 11, 2025 12:06
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години од депортацијата на македонските Евреи, каде што беше оддадена почит на една од најголемите трагедии во историјата на нашата земја.

Тој во своето обраќање рече дека ова не е само ден на тага и сеќавање на страдањето на македонските Евреи, туку и ден на предупредување, ден во кој ние, како народ и човештво, потврдуваме дека никогаш нема да дозволиме историјата да се повтори.

– Пред Втората светска војна, во Македонија живееше динамична, просперитетна и богата еврејска заедница. Евреите беа не само граѓани, туку и значаен дел од културниот, економскиот и социјалниот живот. Нивното присуство беше дел од нашата историја со векови. Таа година во март, тогашната фашистичка бугарска окупациска власт, во координација со нацистичките власти, наредија апсење и депортација на сите Евреи од тогашната Вардарска Македонија. 7.144 мажи, жени и деца беа присилно собрани и одведени во привремениот логор во Скопје, во објектот на тогашниот „Монопол“. Цела една заедница, цели семејства, цели генерации беа загубени – истакна Мицкоски.

Премиерот Мицкоски подвлече дека кога злото се шири, кога неправдата се врши, кога насилството станува правило, ако луѓето молчат тогаш злото победува и затоа според него, наша обврска денес, како и секој ден, е да зборуваме, да не дозволиме нови генерации да пораснат без да ја знаат вистината, да не дозволиме омразата да најде ново тло за да никне, да се бориме против секоја форма на антисемитизам, дискриминација и омраза, да ги учиме нашите деца дека толеранцијата, хуманоста и солидарноста се темелите на едно праведно општество и да не молчиме пред неправда.

– Македонија е земја на различности, земја која отсекогаш била дом за многу култури, религии и народи. Тоа е нашето богатство, нашата сила. Еврејската заедница, иако речиси уништена за време на Холокаустот, останува дел од нашата историја, нашето секојдневие, нашата иднина, нашето културно наследство и нашата совест. Затоа, денес, додека стоиме овде, нека нашето сеќавање не биде само минато, туку и повик за иднината. Нека нивната трагедија ни биде лекција, нека нивните животи ни бидат потсетник, нека нивната болка ни биде опомена – истакна премиерот Мицкоски во своето обраќање и повтори:

„Никогаш да не се заборави! Никогаш повеќе!”

–

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Нова снимка од пресметката пред РТС: полицаецот бил удрен од колега, а не од студенти, објави српски медиум
Следна Статија Се очекува Капушевски и Јаховски денеска да бидат изведени пред судија на претходна постапка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители

Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно ќе биде отворена за посетители откако во октомври беше потврден случај на птичји…

November 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни четири пожари и тоа во општините…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски за предлог резолуцијата на СДСМ: Сакаат да ги „исперат гревовите“ кои ги направија со бугарскиот диктат

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека предлог резолуцијата на СДСМ е…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Осветување на храмот „Свети Константин и Елена“

По 13 години од почетокот на изградбата, денеска ќе биде осветен храмот посветен на светите цар Константин и царица Елена…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?