Мицкоски: Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи

Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи, каде што има отсуство на реални идеи кои  решаваат реални проблеми за реалните потреби на граѓаните. Тогаш тие не знаат како да привлечат внимание и на тој начин преку политички егзибиоцинизам се одлучуваат даанимираат публика, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничката пресконференција со косовскиот премиер Албин Курти.

Ние сме тука, додаде тој одговарајќи на новинарско прашање, да разговараме за транспортни, економски, за образование итн. Тоа е она што не поврзува и што во иднина треба да додаде вредност во квалитетот на живот на нашите сограѓани. Многу беа инспиративни говорите на членовите на двете влади. Точни, прецизни со јасни поставени цели и очекувам во иднина така и да продолжиме да функционираме, рече Мицкоски.

Косовскиот премиер Курти рече дека не верува дека меѓуетничките разлики создаваат конфликт, туку дека може да има политички центри кои ги користат етничките разлики.

-Јас не верувам дека меѓуетничките разлики создаваат конфликт. Може да има политички центри кои за власт, за хегемонија, за доминација, за репресија ги користат етничките разлики, но етничките разлики како такви не произведуваат конфликт и секаде на Балканот ги имаме работејќи, граѓаните од различни етнички потекла, соработувајќи, тргувајќи, студирајќи заедно…И јас не верувам дека во нашиот Балкан има такви аспекти кои можат етничките разлики да ги направат конфликтни, може да има желби но, не верувам дека има етаблирани концепти како што беше во минатиот век кога и се експлоатираа посебно од официјален Белград меѓуетничките разлики за да се предизвикаат крвави војни во регионот кој има за цел голема Србија од таа се помала Југославија, рече Курти.

Сподели ја оваа статија