Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Законот за правична застапеност најдоцна до 24 јуни ќе помине на Влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Законот за правична застапеност најдоцна до 24 јуни ќе помине на Влада
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Законот за правична застапеност најдоцна до 24 јуни ќе помине на Влада

Објавено June 12, 2025 22:11
Сподели
Сподели

Законот за правична застапеност е готов и најдоцна до 24 јуни ќе помине на Влада, потоа ќе биде испратен до Венецијанската комисија и доколу е се во ред ќе го доставиме во Парламентот, рече премиерот Христијан Мицкоски.

-Очекувам на една од наредните седници на Влада, најдоцна 24 јуни, да помине и потоа ќе го пратиме до Венецијанската комисија и ќе бараме ургенција за итност. И тие да се произнесат и потоа, доколку е се во ред да го пуштиме во Парламент за да може да се донесе и да немаат тема политичарите коишто се обидуваат да предизвикаат етничка поларизација, рече Мицкоски во вечерашното гостување во централниот дневник на Алсат.

Премиерот ги отфрла обвинувањата од опозицијата за етнички и партиски вработувања од страна на власта.

-Не постојат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци или останати, туку дека постојат граѓани на Македонија, бидејќи ние сме мултиетничко општество. Институциите, јас ви гарантирам дека вработуваат луѓе според своите потреби. Некаде можеби повеќе Турци, некаде можеби повеќе Албанци, нека Срби, некаде Македонци, накаде Роми, некаде Бошњаци, во зависност од потребите на институциите. Не се согласувам со тоа што го зборува албанската опозиција, бидејќи освен националната тема и етничка поделба немаат друга тема. Од друга страна македонската опозиција пак обвинува за вакви вработувања и за партиска поделба… истакна Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кои авио компании го користат моделот на Боинг што се урна во Индија?
Следна Статија Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата покажа дека приоритет број 1 ѝ е борбата против корупција, вели евроамбасадорот Рокас

Зборувајќи за борбата против корупцијата, евроамбасадорот Михалис Рокас во вчерашното интервју на „Сител“ истакна дека целата активност на Владата мора…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Херојот Јован Костадинов е во добра состојба, за неколку дена ќе биде пуштен од болница

Деветнаесетгодишниот херој Јован Костадинов од Виница кој без размислување неколку пати влегол во големиот пожар во Кочани и успеал да…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Како се пресметува Велигден и зошто не е секоја година на исти ден?

Велигден не е обичен празник што секоја година паѓа на ист датум – тоа е празник со подвижна дата, што…

April 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Каменот тежи на своето место, ни треба секој Македонец кој може да придонесе за развој на татковината, истакна Мицкоски

Македонија денес е земја која се развива, дом во кој има место за сите луѓе оние кои се тука, но…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?