Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека маркетите кои не го почитуваат Законот, ќе се соочат со повисоки казни, и како што кажа тој, некои од нив ќе мора да стават и клуч на врата.
„Ние веќе неколку месеци испраќаме контроли. Има ланец маркети кои се соочија со казни. Но, ако продолжат вака да го изигруваат законот за нефер трговски пракси, тогаш ќе мора да стават клуч на врата“, изјави Мицкоски.
