Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за минималната плата: Секој договор што ќе го постигнат работодавачите и работниците како Влада ќе го поддржиме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски за минималната плата: Секој договор што ќе го постигнат работодавачите и работниците како Влада ќе го поддржиме
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за минималната плата: Секој договор што ќе го постигнат работодавачите и работниците како Влада ќе го поддржиме

Објавено December 29, 2025 16:52
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања го повтори ставот на Владата во однос на зголемувањето на минималната плата.

-Нашиот став во однос на минималната плата сме го кажале, ќе го повторам, нас како Влада ни одговара зголемување на минималната плата, бидејќи ќе имаме поголеми приходи во буџетот. Ние сме работодавач на 100 000 вработени, а државата има 705 000 вработени. Значи тие 600 000 ќе дојдат кај нас. Ако гледаме себичќно, тогаш можеме да кажеме од утре да се зголеми, но ние велиме ние сме Влада којашто во рамките на социјалниот дијалог посредува меѓу работодавачите и работниците. Така што секој договор што тие ќе го постигнат си стоиме на ставот дека ние како Влада ќе го поддржиме. Така што тука не би имал многу што да додадам, рече Мицкоски по посетата на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Во делот на статистиката, додаде премиерот, Евростат е единствена релевантна институција во Европа којашто вели дека потрошувачката кошница во земјава е најниска во Европа. Истакна дека ако ја споредиме со потрошувачките кошници во регионот е далеку пониска, на пример со Албанија, со Бугарија, со Грција, со Србија итн. или ако некој европски просек е 100, потрошувачката кошница кај нас е на ниво под 75.

Мицкоски посочи и дека Евростат има објавено за првата половина на годината куповната моќ на минималната плата колкава е, анализирани се 27 земји во Европа кои имаат имплементирано минимална плата.

-Ние се наоѓаме на средината и сме далеку поконкурентни од Бугарија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Албанија итн, и сме рамо до рамо со Грција. И единствена земја која споредено со прва половина 2025 со прва половина 2024, куповна моќ на минимална плата има зголемување. Кај сите има или стагнација, или намалување. Ќе се појават коментатори на социјални мрежи кои што ќе го исмејуваат ова што го кажувам, но тоа се факти што ги објавува Евростат. Имаме избор, дали да веруваме на Тевдовски, Поповски и Јовановиќ, министри во владата на СДСМ за финансии кои ја прават минималната потрошувачка кошница, или на Евростат. Граѓаните треба да изберат на кого ќе веруваат, јас само ги цитирам Евростат и јас верувам на Евростат, кажа Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Клиниката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ханџиски: Автоматизацијата ја подигнува хигиената на ниво што човечка рака сама не може да го постигне
Следна Статија Јаневска најави „ѕид на срамот“ на кој ќе се објавуваат сите плагијат магистарски и докторски трудови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ги решаваме проблемите од минатото, со засилено темпо работиме на автопатот Охрид-Кичево

Со засилено темпо работиме на автопатот Охрид – Кичево, објави на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Забрзано…

August 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Што велат економистите- Како ќе влијаат американските царини

Светската економија се најде на своевиден тобоган со несогледливи последици, откако САД воведоа царини кои што шокираа голем број земји…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава се во делумен прекин поради бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот…

January 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Нема да има каменолом во близина на Страчинце, вели Меџити

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека во ресорот со кој раководи била донесена негативна одлука…

September 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?