Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Го охрабрувам Обвинителството да работи на откривање нови одговорни лица за пожарот во Кочани, порача Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Го охрабрувам Обвинителството да работи на откривање нови одговорни лица за пожарот во Кочани, порача Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Го охрабрувам Обвинителството да работи на откривање нови одговорни лица за пожарот во Кочани, порача Мицкоски

Објавено June 12, 2025 01:04
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски го охрабри Обвинителството да работи понатаму и да утврдува дали уште некој друг има одговорност во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во која животите ги загубија 62 млади луѓе и околу 200 беа повредени.

По вчерашното одредување мерка притвор од 30 дена за вистинскиот сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев, кој е поврзан со трагедијата во Кочани, прашан какви конекции има Нацев со партиските структури и раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кажа дека Нацев бил функционер на влада на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2016-2017 година.

Александар Нацев бил дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2016-2017 година, обавувал некаква функција во тој период и тоа е последното нешто што го познавам и го поврзувам со Александар Нацев. Го охрабрувам Обвинителството да продолжи и понатаму да работи и доколку кои било мислат дека имаат каква било одговорност во овој случај, зборуваме за ужасната трагедија во Кочани, да дејствува. Ние ќе им помогнеме, изјави Мицкоски.

Нацев се товари за тешки дела против општата сигурност. Според доказите Нацев, е реалниот сопственик на агенцијата „Рубикон”, која кобната ноќ, го обезбедувала локалот. Тој, цело време раководел со деловниот потфат заедно со веќе осомниченичениот управител и овластеното лице на подружницата во Кочани. Без склучен договор за 2025 година, ја обезбедувал дискотеката, а прекршени се и неколку членови од Законот за приватно обезбедување. Немале направено безбедносна проценка и план за обезбедување, ниту пак, план за евакуација.

Во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на експлозивни материи-пиротехнички средства, информираа од Обвинителството.

Врз основа на судска наредба беше извршен претрес на локации во Скопје и Пробиштип, како и во автомобилот на Нацев, при што е одземена документација и електронски уреди. Во досегашната истрага за тешки дела против општата сигурност осомничени се вкупно 46 лица. Истрагата продолжува и за 14 полициски службеници, за кои се уште се собираат докази.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова е масовниот убиец од Грац: Уби 10 луѓе, па изврши самоубиство
Следна Статија Здолништето на Шакира се скина на концерт (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тенкови и хеликоптери од САД и од Грција пристигнаа на Криволак за најголемата воена вежба годинава

Тенкови, хеликоптери и припадници на воени сили од САД и од Грција пристигнаа вчера на Криволак за вежбата Immediate Response 25.…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски од денеска во работна посета на Брисел

Во рамки на посетата вицепремиерот Александар Николоски ќе учествува на настанот “Прашања за проширување: Новата геополитичка, безбедносна и еконoмска граница…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Клековски на средба со преставници на компанијата Рош

Попладнево заедно со директорот на ФЗО Сашо Клековски остваривме состанок со преставници на компанијата Рош. Рош фармација е една од…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште, информираше Општината Кисела Вода. Сакаме да ве информираме дека поради новонастанатата…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?