Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за најавените мерки за цените на храната: Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да плаќаат на долг рок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски за најавените мерки за цените на храната: Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да плаќаат на долг рок
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за најавените мерки за цените на храната: Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да плаќаат на долг рок

Објавено August 12, 2025 12:59
Сподели
Сподели

Свесни сме дека тоа можеби ќе има и политичка цена, но подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет, на долг рок, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната најава дека Владата сака да донесе „не популарни, туку долгорочни решенија“ за цените на храната.

Мицкоски нема никаква дилема и апсолутно е подготвен, како што истакна, да плати таква политичка цена.

-Апслутно да, зашто сме свесни, откако го лоциравме проблемот, дека тоа можеби ќе има и политичка цена и тука немаме никаква дилема, но подобро на каток рок да ја платиме таа политичка цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет на долг рок, подвлече премиерот за мерките кои, изјави вчера, нема да бидат популистички.

Мицкоски вчера кажа дека се прават детални анализи и дека Владата не сака да донесе популистички мерки, туку трајно решение за цените на храната. Праксата покажа, додаде, дека ограничувањето на маржата само се прелева во другите месеци и потоа цените се балансираат. Тоа е замка, во која, потенцира, не треба да западнеме.

Премиерот денеска со министерот за здравство Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и директорот на Универзитетската клиника за урологија Башким Шабани пушти во употреба целосно реконструирано болничко одделение на Клиниката за урологија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вилата за која опозициските портали лажат дека е на Мицкоски, всушност е во сопственост на државна институција во Хрватска
Следна Статија Навивачите се бесни – пивото поскапе на „Олд Трафорд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Енергетската заедница го поздрави донесувањето на Законот за енергетика

Енергетската заедница го поздрави донесувањето на новиот Закон за енергетика кој го нарече „значајна пресвртница на патот на земјата кон…

May 17, 2025

Азиските берзи паѓаат; Јапонија се стабилизира пред избори, Австралија лизга на остар централен банкар

Падови на азиските финансиски пазари со различни движења во различни држави

February 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

За 95 проценти од синдикатите на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата за зголемување на платите за 40 проценти, велат од УПОЗ

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Хотелиерите во Охрид, Преспа и Дојран во август инкасирале најмалку 25 милиони евра

Оваа година хотелиерите и угостителите во земјава се задоволни од летната туристичка сезона. Тоа го покажуваат податоците на Државниот завод…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?