Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за случајот Кочани: Оставам на обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за случајот Кочани: Оставам на обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за случајот Кочани: Оставам на обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата

Објавено August 20, 2025 17:54
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со досегашниот тек на случајот со пожарот во Кочани, по пет месеци од трагедијата во која загинаа 62 лица, истакна дека остава на обвинителско-судските органи да ја завршат процедурата.

-Јас се воздржувам да коментирам изминатиов период и ќе ја продолжам таа пракса да не коментирам, оставам обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата. Колку што знам покренатото обвинение е во рамките на оценка од страна на судовите, така што не би сакал дополнително да коментирам, одговори Мицкоски во изјава за медиуми, по отворањето на нова хала на компанијата „Амфенол“ во Општина Кочани.

Обвинителството го поднесе обвинението за пожарот во Кочани на 13 јуни. Во него се обвинети 34 лица и три фирми. Надлежноста ја презема Кривичниот суд откако беше утврдено дека во основниот суд во Кочани нема доволно судии и ресурси за да се води ваков голем процес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скупи – Римскиот град под Зајчев Рид, археолошки бисер кој во себе крие неистражени тајни
Следна Статија Николоски: Ќе ја реконструираме пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ви ветувам дека ќе се грижам за учениците и во Норово и во Лешок и во гимназијата Кирил Пејчиновиќ

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот на Владата, Христијан Мицкоски одговараше на пратеничко прашање за состојбата…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Сите документи ќе ви бидат во телефонот, тестот ќе го направиме на Самитот пред 800 присутни од 20 држави

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во интервју за МИА информира дека се подготвува тест верзијата на Дигиталниот паричник и…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК ја презема контролата врз воздушните потраги и спасување од 1 февруари

Од 1 февруари, Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство ќе биде под надлежност на…

November 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со остра реакција на барањето за куќен притвор за Дејан Јованов – Деко

Семејствата на загинатите млади лица остро реагираа по денешното барање на адвокатката Ивана Коцевска за олеснување на мерките куќен притвор…

April 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?