Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за трагедијата во Кочани: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија, Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Мицкоски за трагедијата во Кочани: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија, Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива
ХРОНИКА

Мицкоски за трагедијата во Кочани: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија, Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива

Објавено March 16, 2025 09:44
Сподели
Сподели

Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна, пишува на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите – сила да ја издржат оваа незамислива загуба. Народот и Владата ќе направат сè што е во нивна можност барем малку да ја ублажат нивната болка и да им помогнат во овие најтешки мигови.

Ги повикувам сите надлежни институции – здравствените служби, полицијата, локалните власти – да преземат итни мерки за помош на повредените и поддршка на погодените семејства. Владата е целосно мобилизирана и ќе направи сè што е потребно за справување со последиците и утврдување на причините за оваа трагедија.

Во текот на денот, по согледување на околностите од надлежните институции ќе и’ се обратам на јавноста со повеќе информации за преземените чекори.

Во овие времиња на длабока тага, кога нашите срца се скршени од болка поради оваа ужасна трагедија, повикувам на заедништво, сплотеност, хуманост и одговорност.

Бог да биде со семејствата на жртвите и повредените и со народот на Македонија!, пишува во својата објава Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се апсат организаторите на концертот во Кочани
Следна Статија ВИДЕО: Како изгледа дискотеката во Кочани по огромната трагедија?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Три години барање правда: Човекот што ја прегази Теодора не се појави на повтореното судење

По 2 и пол години повторно се наоѓаме пред Основен суд, повторно не враќаат во болка, повторно го преживуваме истиот…

March 4, 2025
ХРОНИКА

Уапсен пијан возач од Скопје

На 01.05.2025 во 00.10 часот на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ѓ.(46)…

May 1, 2025
ХРОНИКА

Алармантни податоци: На секои два дена нов случај на врсничко насилство во училиштата

Од почетокот на годинава во Македонија се регистрирани 93 инциденти меѓу ученици во 64 училишта, што во просек значи нов…

June 18, 2026
ХРОНИКА

Гостиварец доби кривична пријава: Од лажен профил објавувал фотографии од девојки и текстови со сексистичка содржина

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во МВР, по неколкумесечна истрага, го расчисти случајот во кој приватни…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?