Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за членовите на Судски Совет: Образ ѓон – уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за членовите на Судски Совет: Образ ѓон – уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2%
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за членовите на Судски Совет: Образ ѓон – уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2%

Објавено April 24, 2025 17:49
Сподели
Сподели

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна на тие кои што ги гласале, тие и понатаму продолжуваат да бидат дел од Судскиот совет и да земаат илјадници евра месечен надомест, притоа уживајќи помалку од 2 проценти доверба кај граѓаните и никому ништо. И тоа доволно ви кажува за каков профил на личности станува збор и зарем вие очекувате нешто различно од нив да донесат како одлука, посебно за случајот за младата Теодора која е прегазен ана пешачки премин“, вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања.

Мицкоски упати остри реакции и за Советот на јавни обвинители.

„Но, не е само тоа. Во случајот има и една друга институција Советот на јавни обвинители, таму има еден замислете еден виш јавен обвинител кој што бара да се намали првостепената пресуда. Затоа што овој случај има прв дел од пресуда од 3 и пол години, се жали обвинителот на ниска казна, неговиот надреден кој што е во Вишото ја прифаќа одлуката односно прифаќа таа да биде помала од 2 години“, рече Мицкоски.

„Зарем вие очекувате од овие луѓе нешто повеќе. Јас не. Образ ѓон“, изјави Мицкоски.

„Ако некој мисли дека ние имаме кратко помнење се лаже, нема така едноставно да поминуваат некои работи. Правдата мора да биде неприкосновена и да ја добијат сите“, дециден е Мицкоски.

Во однос на реформите, Мицкоски истакна дека се во завршна фаза и очекува до крајот на јуни да бидат донесени, но како што рече лично има дилема дека нешто од тоа ќе функционира со вакви судии и обвинители.

„Тие се работат и се во завршна фаза. И се дел од реформската агенда и има јасен датум дека до 30.06 треба да се донесат. Но, искрен да бидам лично мислам и имам дилема дека нешто од тоа ќе функционира со овие вакви судии и обвинители кои се бирани на начин на кој што се бирани. Не сите, туку мала група, но таа мала група го контаминира она поголемо ткиво кое заслужува да биде и судија и обвинител“, истакна премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се трага по Симона Стојкова, доколку ја видите – веднаш пријавете!
Следна Статија Маж ја нападнал другарката на својата ќерка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кузмановски се извини по скандалот со „белото“: Разрешениот директор вели дека тоа бил момент на слабост и дека длабоко се кае

Поранешниот директор на Клиниката за неврологија вели дека ќе продолжи да работи како лекар и дека „ќе живее со своите…

October 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Има буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, конкурсите од стартот на новата година

Обезбедивме буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, а со почетокот на новата година ќе се објават конкурсите,…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Битолчани протестираа против изградбата на регионална депонија

„Изгорени“ од децениското загадување од РЕК „Битола“ битолчани денеска излегоа на протест пред општинската зграда спротивставувајќи се на изградбата на…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?