Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Извозот во овој квартал се стабилизира, постои силен предизвик со кризата во автомобилската индустрија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Извозот во овој квартал се стабилизира, постои силен предизвик со кризата во автомобилската индустрија
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Извозот во овој квартал се стабилизира, постои силен предизвик со кризата во автомобилската индустрија

Објавено June 3, 2025 17:42
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција информираше дека се согласува оти нашата земја треба да има поголем извоз, отколку увоз. Но, напомена дека разлика меѓу извозот и увозот е намалена за три пати, посочувајќи дека конечно извозот бележи позитивна стапка.

    -Ако се вратите неколку квартали наназад и ако се направи анализа ќе се види дека трипати е намалена таа разлика помеѓу извозот и увозот и конечно извозот бележи позитивна стапка, рече Мицкоски, во одговор на новинарско прашање.

    Тој додаде дека извозот во овој квартал е стабилизиран и покрај тоа што има силен предизвик, а тоа е автомобилската индустрија и кризата којашто ја има зафатено оваа индустрија.

    -Вие знаете дека години наназад нашиот извоз и привлекување на странските инвестиции генерално се темелеше на портфолиото „производство на производи“, коишто се користат и вградуваат во автомобилската индустрија. Сега ние почнуваме практично да правиме дивергирање на тоа портфолио во некои други области. Инаку, сето ова што вие го кажавте е така. Но, ако се споредува со кварталите од пред година дена или повеќе, ќе видите дека има огромен напредок. Затоа, реков ова е само почеток и она коешто мене ме охрабрува е позитивната бројка, којашто е кај индустриското производство, позитивната бројка кај преработувачката индустрија, изјави Мицкоски.

    Тој посочи дека има и намалувањето на невработеноста, во смисла на креирање на нови работни места за два квартали.

    Тој истакна дека растот на Бруто домашниот производ (БДП) од меѓу три и четири проценти не е доволен и ако сакаме да имаме нешто поголем раст и тоа да се почувствува, ќе мора да се книжи растот, којшто би можел да биде меѓу четири до шест проценти на подолг рок.

    – И тоа се стремиме како Влада да го направиме. Дали ќе успееме, времето ќе покаже. Нашата економија не зависи само од перформансите домашни, туку многу зависи и од перформансите надворешни. Имајќи во предвид дека ЕУ е 1,4, два и пол пати е поголем при овие услови навистина би рекол исклучок, а не правило, подвлече премиерот Мицкоски.

    Сподели ја оваа статија
    Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
    Сподели
    Претходна Статија Годишно губиме по 10.000 грла говеда, вели Драги Димитриевски, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна
    Следна Статија МВР со две нови дигитални услуги на Uslugi.gov.mk

    БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

    ЕКОНОМИЈА

    САД и Кина го одложија меѓусебното воведување високи царини за 90 дена

    Соединетите Американски Држави и Кина одлучија да ги одложат царините за уште 90 дена, додека американските трговци на мало се…

    August 12, 2025
    ЕКОНОМИЈА

    Шпорет за готвење во природа – наградена македонска иновација

    Мобилен шпорет за готвење во природа, е македонската иновација што доби награда на регионалниот натпревар „Зелени идеи“. Производот е на…

    October 4, 2024
    ЕКОНОМИЈА

    Мицкоски: Наследивме катастрофална состојба со субвенциите, но веќе се консолидиравме и повеќе нема да има каснење како порано

    Што се однесува до тој дел од општеството катастрофална и алармантна беше состојбата, но се консолидира. Не велам дека е…

    November 30, 2024
    ЕКОНОМИЈА

    Пазарниот инспекторат на терен, глобите за непочитување на одлуките за основните прехранбени производи од 500 до 10.000 евра

    Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека од денеска нивните инспектори се на терен и ќе вршат контроли дали се почитуваат…

    February 20, 2025
    Trending
    contact@trending.mk

    © Trending.mk  |  All Rights Reserved.

    Импресум
    Welcome Back!

    Sign in to your account

    Username or Email Address
    Password

    Lost your password?