Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Изградбата на патиштата е повеќе од одлично со оглед на очекувањата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Изградбата на патиштата е повеќе од одлично со оглед на очекувањата
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Изградбата на патиштата е повеќе од одлично со оглед на очекувањата

Објавено January 3, 2026 19:19
Сподели
Сподели

Со оглед на очекувањата – и повеќе од одлично, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за темпото на изградбата на автопатиштата низ државава.

Одговарајќи на новинарски прашања денеска при посетата на општина Карбинци, тој кажа дека според последните информации, пуштен е во употреба дел од делницата Кичево – Охрид, кај Требениште, од три километри кој беше во прекин и каде што се правеше натпатник и мост.

-Се работат проектите за стабилизирање на свлечиштата после тунелот кај Врбјани до Кичево, и кај Ботун. Таму беа вицепремиерот и министер за транспорт и директорот на ЈП за државни патишта и снимија едно импресивно видео – првпат во Македонија се гради таков тип на објект и мислам дека ќе биде прекрасно за да се гледа, изјави Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати сочувство до настраданите и брзо закрепнување на повредените од несреќата во пожарот во бар во ски-центарот Кран-Монтана, Швајцарија.

Очекува, како што рече, „ да се држиме до датумите што ги дадовме“ и е оптимист дека или за 2 Август или за Денот на независноста, кога ќе се одбележат јубилејни 35 години, делницата од кичевски Извор до Охрид целосно да биде пуштена во употреба.

-Од Букојчани до Кичево тендерот е завршен, се прави евалуација на понудите, ставен е на брза трака и очекувам и тука да имаме напредок. Сите оние проекти со т.н. „Бехтел и Енка“, односно коридорите 8 и 10Д, околу 90 проценти се расчистени траси, имотно-правни односи, тоа што е обврска на државата е завршено, изведувачот напредува. Околу половина милијарда евра веќе се исплатени за тие проекти. Така што, сигурен сум дека се движиме во добра насока и им честитам на сите кои се вклучени во тие проекти, додаде претседателот на Владата одговарајќи на новинарски прашања во Карбинци.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се гради Дом за стари лица во Кочани
Следна Статија Две лица загинаа откако со возилото паднале во реката Радика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Денеска можевме да видиме дека контејнерите се празни, чисти, дека немаме прелевање

Ние се доведовме во ситуација во 21-ви век да зборуваме за елементарни работи. И навистина сето тоа делува помалку и…

November 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Што треба да знаете за претстојната федерална забрана на пијалаци и снеци со THC

Во законот што го заврши престојот на владата беше вклучена одредба за забрана на алкохолни пијалаци и снеци направени од…

November 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Синдикатите оптимисти дека минималната плата ќе се зголеми на 450 евра, за работодавачите не е прифатливо паушално зголемување

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов е оптимист дека може да се најде прифатливо решение за…

December 6, 2024
ПОЛИТИКА

Со 804 гласови од 817 делегати: Мицкоски повторно избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ попладнево го избраа Христијан Мицкоски за лидер на партијата. Од присутни 817 делегати за негов повторен избор…

December 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?