Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Исплатени околу пет милиони евра субвенции на повеќе од 12 000 лозари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Исплатени околу пет милиони евра субвенции на повеќе од 12 000 лозари
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Исплатени околу пет милиони евра субвенции на повеќе од 12 000 лозари

Објавено February 23, 2025 14:56
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека поддршката за производителите во сите земјоделски гранки продолжува и тоа, како што напомена, е еден од главните приоритети на Владата.

Одговорајќи на новинарско прашање, тој  истакна дека на повеќе од 12 000 лозари им се исплатени околу пет милиони евра субвенции.

-Мислам дека таа тенденција ќе продолжи и следната година, исто како во другите земјоделски гранки. Тутунарите имаат рекордна цена, тоа ни е главен фокус и така ќе биде и годинава, подвлече Мицкоски по посетата на Општина Гази Баба.

На 14 февруари годинава, на празникот Свети Трифун, беа исплатени 315 745 324 денари кон 11 689 лозари за остварено производство на грозје, информираше Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет или производството го користеле за сопствено потреби и продажба на пазар. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ГОБ „8-ми Септември“ ќе се реконструира и за тоа ќе се вложат 12 милиони евра
Следна Статија Почина осуденик од затворот во Штип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места

Директорката на Германската стопанска комора (АХК), Антје Ванделт вели дека вработените во германските инвестиции во земјава не треба да се…

December 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Цените на становите поскапеа за над 25 отсто во третиот квартал

Продолжува растот на цените на становите во земјава. Во третиот квартал, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 25,1…

October 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Андреа Серафимовски реизбран за претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија и во наредните 5 години

Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на  Македонија ја одржа својата редовна седница на…

November 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Делегација од Банката на федералните резерви на Њујорк ја посети Народната банка на Република Македонија заради размена на искуства и…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?