Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Истрагата за дрогата оди до лица од опозицискиот блок и порано активни политичари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Истрагата за дрогата оди до лица од опозицискиот блок и порано активни политичари
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Истрагата за дрогата оди до лица од опозицискиот блок и порано активни политичари

Објавено February 20, 2026 10:27
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за скандалот со дрогата истакна дека истрагата води до лица од опозицискиот блок, но и поранешни политичари, при што посочи дека сите ќе одговараат затоа што се ќе биде поткрепено со докази.

Во однос на текот на досегашната истрага премиерот Мицкоски изјави дека има кривична пријава за 10 лица покрај оние двајца кои веќе се приведени и ова е само почеток, врз основа на информациите, додека за обвинувањата на опозицијата изјави дека одговорност ќе има кон сите, но опозицијата треба да е свесна дека истрагата води до нивни блиски и дека постојат докази за тоа.

Секогаш кога ќе ја прашате опозицијата тие тоа ќе ви го кажат без да имаат било каков аргумент, а власта од оваа страна која што зборува врз основа на аргументи и факти. Нема да зборувам, но мислам дека ќе дојдат до многу важни имиња кои се дел или поврзани со моменталната опозициската СДСМ, делумно со така наречениот Европски Фронт, но и поранешни политичари. Само тогаш да не биде дека тоа е политички реваншизам и хајка, затоа што се ќе биде поткрепено со докази. Затоа што да не биде тогаш „зошто моето семејство“, сите ќе бидат вклучени, бидејќи знаат да го напаѓаат моето семејство и семејствата на луѓето од Владата, треба да се свесни дека нивните семејства за кои постојат докази посебно во овој случај ќе бидат одговорни за многу работи“, потенцираше премиерот Мицкоски.

 

Премиерот Мицкоски посочи дека сепак правдата ќе победи во случајот и тој кој се огрешил ќе одговара, но и не треба да заборавиме каква политика водеше владата на СДСМ и ДУИ во врска со одгледувањето на канабис, како и тоа дека се ова е последица на тие политики.

 

„Сите забораваме колку пати претходната влада на СДСМ и ДУИ се обидуваше да го промени Законот за одгледување на канабис и да се дозволи извоз на цвет од канабис. Дури на најстроги празници свикуваа седници во Собрание. Еве самите гледаме што барале производителите. Не може вашата економска програма да се темели на производство на канабис, самото по себе е поразително“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски водено истакна дека еве сега со скандалот со дрогата гледаме како Али, Заев и Венко како министер за здравство ја развивале Македонија и дека ова се последици од тие политики, но ќе бидат казнети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија OpenAI Is Finalizing First Commitments for $100 Billion Mega Round – The Information
Следна Статија Laser writing in glass for dense, fast and efficient archival data storage – Nature

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Анатомија на (уште) една злоупотреба на македонските тајни служби

Пред 4 дена Агенцијата за национална безбедност соопшти дека доставила три известувања до Јавното обвинителство за еден од своите поранешни…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме

Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто вечерва ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме во чест на 30…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од четврток пад на температурите, од сабота пообилни врнежи од дожд

Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека времето денеска и утре ќе биде стабилно, а од среда ќе следува променливо…

April 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

По повеќе од 50 години: Почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“

По повеќе од 50 години денеска почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница.…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?