Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Когенеративни гасни електрани преку проектот на „Казанчи Холдинг“ ќе го намалат загадувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Когенеративни гасни електрани преку проектот на „Казанчи Холдинг“ ќе го намалат загадувањето
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Когенеративни гасни електрани преку проектот на „Казанчи Холдинг“ ќе го намалат загадувањето

Објавено February 26, 2025 14:07
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, на новинарското прашање за тоа што планира инвестицијата на „Казанчи Холдинг“ Групацијата од над 1 милијарда евра и кој ќе биде бенефитот за државата, информираше дека важно е што инвестицијата ќе работи по пазарни правила и по пазарни услови. Држава ќе помогнеме во административниот дел.

-Да, тоа е отпочнување на сериозни разговори со оваа реномирана турска компанија „Казанчи Холдинг“. Целта нивна, а и наша цел заедничка, значи целта ни се поистоветува е да изградиме производни капацитети коишто истовремено ќе произведуваат и електрична енергија и топлина. Затоа што само така тие можат да бидат економски исплатливи. Тоа е когенеративен процес. Тоа се гасни електрани коишто произведуваат и топлина и електрична енергија. А топлината, оние делови од Скопје, коишто во моментот не се приклучени на централното греење, ќе можат да ја користат за затоплување на своите домови. Зошто? Затоа што, сите анализи велат дека, најголемата причина, зошто имаме загадување е за жал системот на затоплување на домовите, односно користење на дрва и други типови на фосилни горива или отпад, со што, морам да признам и да заклучам, се загадува животната средина. Не сакам ова да се сфати дека критикувам. Напротив, луѓето немаат избор. Кога луѓето би имале избор, тогаш би било полесно. Но, бидејќи тие немаат избор, никоја Влада претходна не им овозможила избор, тие мораат да ги затоплат своите домови во периодот кога тоа е потребно и се снаоѓаат. И таквото снаоѓање резултира со голема емисија на ПМ2.5 и ПМ10 честички, со што имаме енормно високо ниво на загадување не само во Скопје, туку и во градовите ширум државата. Ова е единствениот начин како можеме ние да го решиме на долг рок, одржлив рок загадувањето, но истовремено и да им понудиме на домаќинствата алтернатива за затоплување на нивните домови. Ќе треба време, периодот е од три до пет години, моја група проценка, но важно е да почнеме. Ако ова се почнало порано, сега ќе било сè поинаку. Но, не се почнало, ние почнуваме. Рековме дека ќе го решиме и почнуваме да го решаваме проблемот. Магионичари не сме, магија тука нема. Ова е инженерски технолошки процес и ќе треба време од три до пет години. Ова е само почеток. Одиме град по град и ќе се обидуваме ваков тип на проекти во секоја од општините, онаму каде што нема организирано централно затоплување, да обезбедуваме, се разбира, да наоѓаме компании кои ќе инвестираат, објасни Мицкоски.

Премиерот напомена дека ќе нема субвенции надвор од законските и потсети дека во минатото на поедини инвеститори им се даваа енормни повластувања. Се осврна и на тоа дека целта на Владата е да обезбеди затоплување на домовите, онаму каде што е потребно и намалување на емисијата на штетни честички.

И на крај, да потенцирам, нема никакви субвенции надвор од законските. Нема гарантирани цени, нема гарантирани договори за откуп, нема повластени цени, нема повластени инвеститори, нема стратешки инвеститори итн. Сè се темели на пазарните услови и тоа е главната парадигма зошто влегуваме во овие процеси. Нема како принципот како досега, односно во минатото како што беше, да на поедини инвеститори им се даваат енормни повластувања, да тие бидат ослободувани од разноразни давачки, да државата субвенционира, обезбедува загарантиран откуп итн. Ова е чисто инвестиција којашто ќе работи на пазарни правила и на пазарни услови. Да, ние како држава ќе помогнеме во административниот дел, сè што треба, а е поврзано со државата, согласно законот, ние ќе го помогнеме како процес, ќе го забрзаме итн. Затоа што наша цел е да обезбедиме затоплување на домовите онаму каде што тоа е потребно и намалување на емисијата на штетни честички ПМ2.5 и ПМ10, изјави премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 300.000 пензионери ќе се израдуваат – Мартовските пензии повисоки за 2.500 денари
Следна Статија Сведок: Со Палевски преку таен канал на Телеграм разговаравме за набавка на ирански дронови, добро владее со ИТ секторот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Словенечка европратеничка во ЕП им се обрати на бугарските колеги на македонски: За да постои на македонскиот народ не му треба ваша дозвола (ВИДЕО)

Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас Вајц, синоќа беше разгледан на пленарната седница во Стразбур. Во дебатата…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Штипско пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Денеска, рано наутро е пронајдено тело на возрасна жена во близина на Липов Дол, штипско, јавува М Нет-ТВ. Телото инаку…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за демографијата: Создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски во следниот период најавува поробусни акции со коишто ќе се подобри демографската слика на земјата и тоа…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Св. Антониј Велики, заштитник од лудилото и од ѓаволот

Денеска е Св. Антониј Велики. Именден празнуваат: Антон, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони Свети Антониј е роден во Среден…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?