Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Македонија бележи континуиран раст на БДП, еден од највисоките во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Македонија бележи континуиран раст на БДП, еден од највисоките во Европа
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија бележи континуиран раст на БДП, еден од највисоките во Европа

Објавено August 30, 2025 17:20
Сподели
Сподели

Од почетокот на годинава, како и во претходните два квартали од минатата година, Македонија бележи континуиран раст на бруто домашниот производ (БДП), кој е еден од највисоките во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Кавадарци и нагласи дека позитивните резултати има во сите главни економски сектори, посочувајќи континуиран раст во земјоделството, туризмот, извозот и индустриското производство.

Првиот месец од третиот квартал, јули, во градежништвото имаше огромна реализација и динамика на капитални проекти, истакна Мицкоски во одговор на новинарско прашање и додаде дека индустриското производство има стабилен раст од 4,1 процент во континуитет цела година. Додаде дека најмногу радува растот во преработувачката индустрија, која, според него, носи најголема додадена вредност.

Премиерот изрази оптимизам дека овој раст ќе продолжи и во вториот и третиот месец од третиот квартал, што ќе донесе солиден раст на БДП со очекуван раст во вториот квартал по растот од 3,2 отсто во првиот.

Овие резултати што ги гледаме како бројки денеска ќе се почувствуваат многу скоро во реалниот живот. Она што е важно е дека немаме повеќе политички моќници кои што напаѓаат бизниси кои што се успешни, немаме повеќе криминал, корупција, изнуда, ниту проценти. Нема се е она што беше наша заложба – да го ослободиме бизнисот од сето она што претходно значеше тортура, потенцира Мицкоски.

Според него ако Македонија се управуваше вака повеќе од три децении, денеска би била најмалку три пати побогата. Нагласи дека задачата на оваа генерација е да го исправи пустошот од минатото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведен скопјанец во Неготино по напад врз поранешната сопруга
Следна Статија (ВИДЕО) Видра снимена на брегот на Охридско Езеро кај Љубаништа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гевгелија добива своја шопинг оаза – Гевгелија Мол

Во Гевгелија денеска ќе биде отворен најголемиот шопинг - центар на југот од земјава. Гевгелија Мол, на површина од 10.000…

December 13, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Карпош: На втори ноевмри гласајте за број 9 за крај на бетонизацијата и за вистински разво

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на мини митингот во Карпош, во рамки на вториот круг од локалните избори…

October 26, 2025

Дали XRP се движи кон 1 долар? – Анализа на криптопазарот

XRP доживеа пад од 25% во 2026 година

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Над 3.000 евра за квадратен метар – стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра

Најголема постигната цена на стан за квадратен метар во периодот јули – септември е 189.231 денар или речиси 3.000 евра,…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?