Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Младите и спортот се приоритет на Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Младите и спортот се приоритет на Владата
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Младите и спортот се приоритет на Владата

Објавено February 27, 2026 14:32
Сподели
Сподели

Oд името на Владата можам да кажам дека сме исклучително задоволни и ни е чест што можеме да бидеме дел од овој настан бидејќи како Влада исклучително многу внимание во политиките посветуваме во вложувањето кај младите, истакна денеска во своето обраќање при потпишувањето на договорот со меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.

-Од мое име и од името на Владата би сакал да посакам добредојде на сите гости коишто денеска се со нас овде во Владата, но исто така и во Скопје. Јас можам од името на Владата да кажам дека сме исклучително задоволни и ни е чест што можеме да бидеме дел од овој настан бидејќи како Влада исклучително многу внимание во политиките посветуваме во вложувањето кај младите, рече Мицкоски.

Сите ние сме свесни дека демографијата претставува општ европски проблем и затоа ни е многу важно да младите од најрана возраст ги образуваме, ги научиме дека иднината е во нив и дека така како што тие ќе израснат таква иднина ќе имаат и ќе остават за нивните потомци, за тие коишто некогаш ќе бидат млади како што се тие денес, појасни премиерот.

–Втората работа што за нас е важна како Влада, а тоа е спортот јас можам да зборувам како неуспешен спортиста во младоста, односно бев прилично успешен кошаркар кога бев тинејџер, тогаш во кошаркарскиот клуб „Работнички“ се сеќавам Пеце се спремаше за трансфер во тогашниот „ПОП 84“ тоа беше на почетокот на деведесеттите години европскиот шампион во тоа време беше ако не се лажам, прво беше „Југопластика“, па потоа како „ПОП 84“ и се воодушевуваме на тоа како он играше во градскиот парк во таа мала сала којашто сега ја реновиравме и како Влада го подржавме тоа нејзино реновирање. Но, потоа некако животот ме наведе по една друга траекторија, во една природно-математичка гимназија, па потоа на Машинскиот факултет па потоа надвор од државата на магистерски, докторски студии како професор на факултетот и еве веќе две години претседател на Владата. Но спортот остана во мене, никогаш не излезе од мене и затоа како Влада откако го направивме преструктуирањето на Кабинетот, формиравме за првпат Министерство за спорт и се учиме заедно со Борко како е да се биде Министерство за спорт бидејќи до пред оваа Влада беше агенција. Но, мислам полека, но сигурно ги поминуваме оние првични предизвици и веќе застануваме на шини и почнуваме да функционираме како институција којашто треба да биде главна потпора на спортот не само во државата туку и во регионот, додаде Мицкоски.

Мицкоски рече дека со овој настан се прави синергија помеѓу овие два приоритети на Владата тоа се младите коишто треба да учат витештво, коишто треба да учат фер-плеј, да го почитуваат противникот, да се учат на тимска игра бидејќи во ера на социјални медиуми сето она коешто го гледате не е животот, животот е многу борба, животот е тимска игра и ако сакате да бидете успешни ќе морате да се научите на овие работи.

-Да постојат и индивидуални спортови, но генерално јас го сфаќам животот како една заедничка тимска игра и како дружење и поддршка да бидеме едни на други. Јас сум убеден дека овие десетици илјади млади деца коишто во месеци коишто следат ќе се натпреваруваат низ училиштата во земјата ќе израснат во луѓе коишто достоинствено ќе си ја промовираат и љубат својата татковина, а и истото тоа ќе го пренесат на оние генерации коишто понатаму ќе се борат низ училиштата во државата. Уште еднаш благодарам на организаторот, благодарам на сите овие навистина големи имиња од спортот од регионот коишто денеска со нас во Владата, во Скопје и јас можам да ветам дека достоинствено ќе го претставуваме овој проект во државата. И убеден сум дека младите коишто доаѓаат до тука ќе бидат достоинствени претставници на македонскиот спорт на финалните игри во Сплит ова лето во август месец, истакна меѓудругото македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Google touts ‘Pixel Colors Through the Years’ – here’s a look back [Gallery] – 9to5Google
Следна Статија Наџати е страв и трепет меѓу криминалците на Балканот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Активни седум пожари, четири се под контрола, а пет се изгаснати

До 18:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои седум се…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Реакција на кабинетот на Сиљановска на ДУИ: Вчера е испратена честитка до Вјоса Османи

Кабинетот на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова категорично ги демантира наводите од вчерашното соопштение на политичката партија Демократската унија за…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пронајдени бактерии во мусака и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае

Во узорираниот примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае се…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека е добро лидерите на партиите понекогаш да се сретнат отколку да разговараат со посредници.…

January 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?