Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски му ја честиташе победата на Маѓар, очекува поддршка за Македонија и регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски му ја честиташе победата на Маѓар, очекува поддршка за Македонија и регионот
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски му ја честиташе победата на Маѓар, очекува поддршка за Македонија и регионот

Објавено April 14, 2026 14:34
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше победата на Петар Маѓар во Унгарија, и зборуваше за евентуална екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски кој е во Унгарија, а Маѓар најави дека ќе го екстрадира.

Најпрво сакам да му честитам на Петар Маѓар. Ние имавме блиска соработка со Орбан, но граѓаните јасно ја дадоа поддршката на Маѓар. Очекувам да води про-европски политики, про-интегративни и очекувам поддршка за членство во ЕУ на регионот, вклучително и на Македонија. Што се однесува до специфичните политики поврзани со екс премиерот Груевски, тие се одлука на унгарската влада. Јас како што сум запознаен, екстрадиција е побарана уште во 2018 година, а е одбиена во 2019 година, и дополнителни коментари треба да се побараат од Министерството за правда. Јас не сум министер за правда, јас сум премиер – рече Мицкоски.

Тој тврди дека нема никави очекувања.

Но доколку се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и тој веднаш откако ќе се појави нормално, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворска казна којашто е согласно правосилна одлука. Ние сме Влада за којашто сите закони важат и Влада којашто мора да ги почитува законите и институциите во државата, а нормално секое лице има право да ги користи институциите, да ги користи своите права, да поднесува потоа жалби. Но ние како Влада имаме пред нас правосилна пресуда со којашто лицето за коешто вие зборувате сега е упатено на отслужување на затворска казна. А дали ќе се врати и кога ќе се врати, јас немам такви очекувања – рече Мицкоски на настан во Царинската управа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Пукање во училиште во Турција: Напаѓачот со пушка рани најмалку 18 лица
Следна Статија Ацо Ристов ја презеде функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Приватните превозници во Скопје од понеделник ќе возат само од 5 до 10 часот поради неисплатен долг од ЈСП

Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани кои сообраќаат во Скопје денеска побараа од ЈСП да им биде исплатен…

October 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Помошта за посмртнината се зголемува од 35.000 на 40.000 денари

За пет илјади денари е зголемен износот на посмртнината што ја добиваат семејствата на починатите корисници на пензија. Управниот одбор…

December 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година

Транспарентно и целосно да се објави документацијата поврзана со работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани од 2012 година до денес,…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стразбур ќе ја разгледува жалбата од уставната судијка Елизабета Дуковска чиј избор го поништи Управниот суд

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур ќе ја разгледува жалбата на Елизабета Дуковска, чиј избор за уставна судијка…

January 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?