Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Наталитетот во 2024 година паднат на 8,8%, оваа Влада не го премолчува проблемот и се бори со него
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Наталитетот во 2024 година паднат на 8,8%, оваа Влада не го премолчува проблемот и се бори со него
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наталитетот во 2024 година паднат на 8,8%, оваа Влада не го премолчува проблемот и се бори со него

Објавено July 4, 2025 11:52
Сподели
Сподели

Во политиката често зборуваме за кризите што ги гледаме, за оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски потерси, но денес ќе зборуваме за една поинаква криза, за една тивка, долготрајна, системска и глобална криза, а тоа е демографскат рецесија. Ова не е проблем само на Македонија, ова е предизвик на цџела Европа па и пошироко. Германија, Италија, Бугарија, Јапонија, Јужна Кореја сите овие држави одамна се соочуваат со истото. Се раѓаат помалку деца, населението старее, а младите се почесто по потрага по подобар живот надвор од границите и ние не сме исклучок, рече денеска во своето обраќање на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“ премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Мицкоски посочи дека кај нас состојбата е алармантна, притоа информирајќи дека се помалку деца се раѓаат а стапката на наталитетот во 2024 година паднала на 8,8%.

-Нашата состојба е посебна, затоа што додека некои држави ја забележуваат како тренд кај нас таа е аларм. Овој проблем од претходните влади се ставаше под тепих и не се гледаше на него како сериозна закана. Фактите се јасни, во 2024 година се родија 16061 дете, а починаа 20201 лице. Тоа е природен пад од 4140 луѓе за само една година. Во последните четири години изгубивме повеќе од 33000 жители. Како од исчезни еден град од големина на Кавадарци или Кичево. Стапката на наталитет падна од 12,5% во 2010-тата на 8,8% во 2024-тата. Во многу општини и села веќе нема ниту прво оделение, се повеќе луѓе живеат сами, се помалку стапуват во брак, се помалку деца се раѓаат. Ова не се само бројки, ова е тишина што се шири, а кога велевме дека ги рушеа темелите, не ми лсвме само на курупцијата, на стопираните проекти, на нефункционалните институции од минатат Влада, милсвме и на ова. На рушење на семејството, на губењето на иднината, на иселувањето како единствена опција, затоа денеска кажуваме гласно, оваа Влада не го премолчува проблемот. Го имненува, го признава и се бори со него, рече премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костадиновски оствари средба со амбасадорот на Република Австрија
Следна Статија До каде оди криминалот: Крим техничар од шкаф на работа украл 25.000 евра и злато од 50.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

По трет пат одложено повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово

По трет пат е одложено повторното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако на повторно судење го врати Апелацискиот…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Празнувањето на Свети Сава 18 години во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ

Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата на сите припадници од српската заедница кои живеат во…

January 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во прекин сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес во двата правца

На експресниот пат Штип – Велес попладнево се случила сообраќајна несреќа. Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај за состојбата на…

October 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши за случајот Груби: Тоа е работа на органите на редот

Меѓуетничките односи во нашата држава се кревки уште од независноста на нашата држава и секогаш треба да се има големо…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?