Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Нашата економија во вториот квартал забележа реален раст од 3,4 отсто и е меѓу петте земји во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Нашата економија во вториот квартал забележа реален раст од 3,4 отсто и е меѓу петте земји во Европа
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Нашата економија во вториот квартал забележа реален раст од 3,4 отсто и е меѓу петте земји во Европа

Објавено September 7, 2025 13:27
Сподели
Сподели

Нашата економија во вториот квартал забележа реален раст од 3,4 проценти и е меѓу петте земји во Европа по раст на БДП,  мерките и работењето на Владата даваат резултати, истакна денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

-Првиот е фактот што во вториот квартал нашата економија забележа реален раст од 3,4 проценти и веќе втор квартал сме во петте земји во Европа по најголема ставка на раст на Бруто домашниот производ. Ако минатиот, првиот квартал бевме на четвртото место, сега го делиме третото место со хрватска. Пред нас се Ирска и Кипар со 3,6 проценти, рече Мицкоски на пуштањето вo употреба на дел од автопатот Кичево – Охрид.

Премиерот потенцира дека мерките и работењето на Владата даваат резултати кои, како што посочи, во изминатиов период генерирале нови 10 илјади работни места.

-Мерките на Владата и активната работа која ја правиме изминатиов период генерира нови 10 илјади работни места, односно ако се спореди бројот на вработени во вториот квартал во 2024 година од нешто повеќе 691 илјада со бројот на вработени во вториот квартал во 2025 година нешто повеќе од 701 илјада, тоа значи дека за една година имаме креирано 10 илјади нови работни места. Имаме намалено нешто повеќе од 7 илјади невработени, кога ќе се споредат овие два квартали. Можеби тие бројки се само бројки на хартија, но тие бројки се дел од реалниот живот, тоа се семејства, тоа се луѓе, тоа се вистини. Оваа Влада има за цел да го направи животот на нашите граѓани подобар и да го направи поуспешен, рече тој.

Третиот параметар, како што нагласи Мицкоски, е фактот дека изминативе седум месеци од оваа година, од јануари до јули, извозот растел побргу отколку увозот. Потенцира дека тоа е редок пример.

-Ако ја гледаме наназад 15 години македонската економија кога во толку долг период имаме поголемо извозно ориентирање на државата отколку увозно ориентирање. Што значи, се намалува трговскиот дефицит. Што значи, повеќе девизи, повеќе пари остануваат во македонските компании и во рацете на македонските граѓани, што претставува и наша цел и наша задача како Влада, рче тој.

Мицкоски истакна дека и во изборната кампања лани ветиле посветена и чесна работа, а не чуда и невозможни работи.

Знам дека инстант резултати се невозможни. Тоа го зборувавме и во кампањата. Ние не сме чудотворци. Чуда се невозможни. Но, ветувавме многу посветена чесна работа, а тоа е тоа што го правиме изминативе 15 месеци – многу посветена и чесна работа. Јас ви давам збор дека така ќе продолжиме – секој ден да се бориме за секој еден проект, за секоја нова инвестиција, за секоја една човечка судбина да им помогнеме и животот да и биде подостоинствен. Ова е нашата визија  – Македонија на дела, а не на изговори. Ова е доказ дека можеме да го оставиме зад себе периодот на застој и да го отвориме патот кон развојот. Ќе продолжиме вака – да градиме, да завршуваме започнати работи и да почнуваме нови перспективи за секој регион и за секој граѓанин, нагласи премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: За два месеци пуштивме 34 километри автопат
Следна Статија Кузеска до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова што се случува сега и цело лето ќе продолжи, затоа што некој има интерес – но тие ќе бидат поразени

Премиерот Христијан Мицкоски за пожарот во Трубарево рече дека и натаму ќе се случуваат вакви работи и понатаму, затоа што,…

September 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бил Гејтс испадна од листата на 10 најбогати луѓе во светот

Коосновачот на Мајкрософт и поранешен најбогат Американец, Бил Гејтс, е надвор од листата на 10 најбогати луѓе во Соединетите Американски…

September 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: Oбновени се 10.500 квадратни метри асфалтна површина

Клуч за економски развој и подобрување на животниот стандард е обновена инфраструктура на регионалното поврзување, посебно на она кое води…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азиските берзи растат, нафтата под 100 долари

Цените на нафтата бележат пад во раното тргување во петокот, продолжувајќи го негативниот тренд под влијание на зголемениот оптимизам за…

April 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?