Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски најави нов договор со европска држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски најави нов договор со европска држава
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави нов договор со европска држава

Објавено May 20, 2025 18:36
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека фокусот на Владата е да се реализираат странски инвестиции на цела територија на државата посочувајќи дека се преговара со седум инвеститори и дека се нудат сите технолошко-развојни зони во државата. Најави наскоро договор со друга европска држава.

  • Во моментот имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме во јавност. Се уште не се избрани локациите за три од овие седум инвестиции, а дел од понудата што ја даваме до заинтересираните странски инвеститори се сите технолошко индустриско развојни зони, вклучително и таа во Делчево и таа во Кочани така што ние можеме да дадеме наши лични приоритети, но сепак конечниот збор го имаат инвеститорите, рече Мицкоски.

Во однос на патната инфраструктура и евентуално изградбата на нов експресен пат Делчево-Виница-Кочани, Мицкоски потенцираше дека во моментот се работи на три автопати.

  • Очекувам многу скоро да го заокружиме Влада со Влада, договорот со една друга европска држава во која ќе бидат опфатени сите локални, регионални и магистрални патишта, реконструкција на постојните и изградба на нови, рече Мицкоски.

Во делот на новиот повик на Агенцијата за вработување што треба да биде објавен наскоро, а предвидува поголеми мерки со поддршка за младите, премиерот подвлече дека овој повик имал законски усогласувања, кои се поминати или се во фаза на поминување во Парламент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Француската Акуо Енерџи го зајакнува присуството на Балканот со нова инвестиција во ветерна енергија во Србија
Следна Статија Независните кандидати полесно ќе стануваат градоначалници и пратеници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Даваме силна подршка за Студеничани, преку Министерството за транспoрт ги подобруваме патиштата во општината

Министерството за транспорт дава силна подршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти. Во општина Студеничани со средства од Министерството…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Прво огласување на Систина по смртта на Панчо: Се боревме заедно 213 денови…

Приватната болница „Систина“ каде Владимир Блажев – Панчо од ДНК се лекуваше изминативе 7 месеци по трагедијата во „Пулс“ во…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик СДС и ДУИ создадоа можност да се амнестираат самите

Во вчерашното гостување на телевизија Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се осврна на темата за правосудството за што истакна…

January 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Се роди белоглав мршојадец во скопската зоолошка градина

Среќни сме што после три години повторно имаме бебе белоглав мршојадец, се вели во Фејсбук статусот на скопскаата зоолошка градина.…

April 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?