Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во Акцискиот план за малцинства
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во Акцискиот план за малцинства
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во Акцискиот план за малцинства

Објавено January 4, 2026 15:53
Сподели
Сподели

Жалам што уште еднаш ја испуштија шансата дека се добри соседи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го тоа што Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик.

Во изјава за медиумите претседателот на Владата кажа дека се случило тоа за што ги предупредил партнерите во Брисел – „дека и најдобриот Акциски план за малцинствата да го направиме, тој ќе биде одбиен од Бугарија“.

– Ниту една земја членка нема против, ниту едно малцинство во Македонија нема против, бидејќи имаше јавна дебата. Е, проблем било што бил на македонски јазик. Простете, но мојот мајчин јазик е македонски, официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот, нема друг. Ако некому тоа му пречи, јас тука не можам да помогнам и жалам што тоа е така, рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Сопиште, премиерот посочи дека се било направено како што било побарано – прифатени сугестиите на експерт од Италија при изготвување на Планот и било исполнето барањето од Брисел „ден однапред да се прати во Бугарија за да се покаже добра волја“.

-Така направивме, го дадовме ден однапред. Е, сега, им пречело што е на македонски јазик. Но, тој е официјален јазик според Уставот и јас или министерот не може да го кршиме Уставот. Ако тие мислат дека ќе го испратиме на друг јазик, ние немаме друг јазик согласно Уставот. Тоа е македонскиот јазик. Тие уште еднаш покажуваат дека нема врска малцинството или Бугари во Устав. Имаат многу подлабоки корења нивните барања и подлабоки се проблемите и уште еднаш покажуваат дека нивната намера е сосема поинаква, изјави Мицкоски.

Како што рече, Владата сега нема никакви контакти со Бугарија, но дека „стоиме на располагање било кога и било каде, во која било организација да одиме и да разговараме и да ги претставивме нашите аргументи“.

– Сè ќе прифатиме, нормално не внесување во Устав, сите забелешки ќе ги прифатиме, но јас не можам да се откажам од мојот мајчин македонски јазик, нагласи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нострадамус го предвидел ужасот во Швајцарија? Ова се неговите пророштва за 2026 година
Следна Статија Почина урбаната легенда и сопственик на „Балет“ – Зоки Панкер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

НОВА АКЦИЈА – НОВО ЃУБРЕ: Во Охридското езеро извадени автомобилски гуми, градажен шут, пластични маси, стаклена амбалажа

Од автомобилски гуми, градежен шут, па сè до пластични столови, маси и стаклена амбалажа фрлена директно од пловни објекти или…

June 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Собранието без расправа донесе повеќе законски решенија, меѓу кои и на Законот за медиуми и на Законот за минимална плата

Собранието во рамките на денешната работата по дневниот ред на 44. седница без расправа донесе 19 законски решенија за изменување…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Осудениците ќе добијат електронски алки, Пандов откри како истите ќе функционираат

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов најави дека во функција се ставаат електронските алки односно можноста во Македонија…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?