Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски на средба со сопственикот на „Фор-ај-џи (4iG)“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски на средба со сопственикот на „Фор-ај-џи (4iG)“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во Македонија
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на средба со сопственикот на „Фор-ај-џи (4iG)“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во Македонија

Објавено January 21, 2026 18:02
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во Давос се сретна со раководството на 4iG, компанијата која доби дозвола за трет мобилен оператор.

Денот го започнавме со состанок со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија. Разговаравме за неговите планови, откако нормално ги упати средствата кои што се потреби за добивање на лиценцата. Она коешто тој ме информираше е фактот дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор. Што добиваат граѓаните? Граѓаните добиваат нова компанија која ќе нуди мобилни услуги и компанија којашто, сигурен сум дека ќе влијае позитивно во намалување на цените на услугите кои што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека понатаму, денот го продолжиле на панел каде што разговарале со светските лидери и претставници на мултинационални компании за предизвиците на човештвото во годините кои што следат.

-Се разбира еден од најголемите предизвици е вештачката интелигенција. Но, вештачката интелигенција само по себе не значи ништо, отколку само два обични збора. Но, кога ќе влезете во суштината ќе сфатите дека за да вие создадете општество кое што во иднина сериозно ќе ја користи вештачката интелигенција потребни се неколку предуслови, пред се сигурна енергетска стабилност и нормално развој, бидејќи сите оние дата центри имаат потреба од струја, односно од електрична енергија и второ ни треба ИТ инженери односно ни требаат инженери кои што ќе ја користат таа вештачка интелигенција за потребите на општеството и потребите на граѓаните, рече Мицкоски.

„Се разбира дека ние како држава не смееме да останеме надвор од овие процеси, бидејќи тоа се процесите кои што ќе го опишат човештвото во годините кои што следат. Тоа се процесите кои што ќе имаа водечка улога во следните 10, 15, 20, 25 години. Македонија нема да седи на страна, туку Македонија ќе биде активен учесник во сите овие процеси.

Продолжуваме со нашиот престој во Давос, во текот на денешниот ден имаме бројни билатерални средби, а истото тоа ќе се случува во текот на утрешниот ден“, посочи Мицкоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Порше продаде повеќе електрифицирани автомобили во Европа отколку чисто бензински возила
Следна Статија Фотографиите од „Сејф сити“ нема да го покажуваат совозачот, ликот ќе биде замаглен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249 денари

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија.…

October 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Топ светски градови со најскапа кирија во светот

Во текот на изминатите пет години, киријата се зголеми низ европските и светските градови, предизвикувајќи протести. Рекордно високите цени на…

September 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: СЕПА може да донесе бројни придобивки за компаниите

„Динамиката на пристапувањето во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) зависи од степенот на подготвеноста на земјите и степенот…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ

Не, нема вистина, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија во вечерашното интервју во Тема на денот на…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?