Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски не очекува големи отстапувања на цената на струјата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски не очекува големи отстапувања на цената на струјата
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски не очекува големи отстапувања на цената на струјата

Објавено December 2, 2025 14:04
Сподели
Сподели

Приходите на АД ЕСМ или поранешна ЕЛЕМ се од неколку основи. Најголемиот приход доаѓа од електричната енергија која што ја продаваат на снабдувачот, тоа е ЕВН Хоум, дел со многу повисока цена ги покриваат загубите и дел од приходите коишто ги добиваат се од електричната енергија која што ја продаваат преку т.н. повластени тарифи, појасни премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како АД ЕСМ ќе ги покрие загубите и ќе стаса до нула ако струјата му ја продава на универзалниот снабдувач по 65 евра за мегават час што е многу помалку од нивната производна цена.

-Загубите да речеме ќе ги продава по 105 евра по мегават час. За да немаат граѓаните ценовен шок продолжуваме да субвенционираме. Цената за снабдувачот ќе биде 65 евра. Кога сето тоа ќе се заокружи веќе доаѓаме до некој микс помеѓу 75 и 80 евра. Ако се има предвид дека се намалува увозот на јагленот потребно е да се зголеми производството на домашен јаглен. Се подготвуваат рударски проекти. Од друга страна се акумулираше доволно енергија во хидроелектраните, бидејќи таму производната цена е најмала и е 20 евра по мегават час, рече Мицкоски по означувањето на почетокот на градба на новата градинка во Ѓорче Петров и додаде дека производната цена на ветерниците е 89 евра по мегават час.

Тој очекува овој тренд да продолжи во 2026 и 2027 година и, како што вели, во 2027 година практично да се инјектираат цената на чинење на електричната енергија за АД ЕСМ и онаа цена по којашто ќе ја продаваат на пазарот. Премиерот Мицкоски е дециден дека како Влада ќе продолжат со политиката на субвенционирање, за да не почувствуваат граѓаните ценовен шок.

-Односно да не се случи нешто, коешто не треба да се случи, бидејќи ако оставиме на слободниот пазар како што тоа беше намера на претходната влада, од 1 јануари или дури и претходно требаше граѓаните денеска да плаќаат до 50 проценти поскапа цена за електрична енергија. Тоа не се случии. Веќе година и половина сме Влада и ја субвенционираме таа електрична енергија. Нормално не правиме од тоа кампања, какошто тие правеа во оние сметки коишто ги доставува ЕВН. Тоа се нормални работи за една Влада да ги штити интересите на граѓаните, истакна Мицкоски.

Премиерот додаде дека во три регулирани периоди, а тоа се 1 јули 2024, 1 јануари 2025 и 1 јули 2025 немаше покачување на струјата за домаќинствата.

-Сега ќе видиме. Регулаторот на крајот од ова година ќе донесе одлука за тоа дали ќе има и ако има колку би било иако не очекувам некои големи отстапувања, од оваа цена. Дали ќе биде 0, 1, 2, 3 проценти или некој процент повеќе или помалку тоа ќе одлучи Регулаторот, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бронкоси со триумф во последните мигови против Командерите
Следна Статија На Aца Лукас му забранија концерт и на Јахорина, прсти замешал и Додик поради фотографија со контроверзен командат од војната во БиХ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите

„Денешната седница на Економско-социјалниот совет ја потврдува нашата заедничка определба – клучните економски и социјални прашања да ги решаваме преку…

December 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Oд први август нов бран поскапувања на банкарските услуги

Граѓаните од 1 август ќе се соочат со нов бран поскапувања на банкарските услуги. Зголемувањето на провизиите веќе го најавија…

June 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Повеќе нема да има исклучување од струја во зима – новиот закон воведува мерки против енергетска сиромаштија

Во зимските месеци, граѓаните од ранливите категории кои не се во можност да ги платат сметките за струја нема да…

June 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

IBM близу до договор за купување на Confluent во вредност од 11 милијарди долари

Меѓународната корпорација за бизнис машини (IBM) е во напредни преговори за преземање на фирмата за инфраструктура на податоци Confluent за…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?