Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Никогаш нема да попуштаме кога се во прашање интересите за нашиот македонски идентитет и нашата држава Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Никогаш нема да попуштаме кога се во прашање интересите за нашиот македонски идентитет и нашата држава Македонија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Никогаш нема да попуштаме кога се во прашање интересите за нашиот македонски идентитет и нашата држава Македонија

Објавено October 23, 2025 17:23
Сподели
Сподели

„Во денешно време се соочуваме со поинакви предизвици, но со подеднакво значење за иднината на нашата држава и народ. Како претседател на Владата, свесен сум за секој еден од нив, и покрај сите нив, еден од најважните е битката за стандардот и подобриот живот. Тоа е она што го бара и што му е потребно на народот. И битката за Европската Унија треба да се гледа низ поривот за подобар живот и стандарди, и затоа таа наша цел, и покрај сите удари и пречки, остана патот што сакаме да го изодиме“.

Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски во денешниот говор по повод празникот 23 Октомври.

-И овој пат е наше природно право, и иако многу пати откажувањата што ги направивме не беа достоинствени, не беа фер, народот со разочарување и со кнедла во грлото ги прифаќаше. Не е едно, не се две, туку тоа полека станува непринципиелен начин на однесување. Во контекст на последните барања, кои што се наша пречка, а тоа се уставните измени, главното прашање што се наметнува е: што добиваме ние од тоа, и дали конечно е ова крајот? И дали е фер? Секој наш следен потег мора да биде низ призмата на одговорот на овие прашања и заштитата и обезбедување, прво на  гаранции дека ова ќе биде последното, и дека ќе добиеме нешто опипливо и предвидливо- важно за државата и граѓаните, а потоа и нашиот источен сосед да покаже европски вредности и на ист начин да одговори за македонската заедница во Бугарија.
Затоа што нашата определба за Европската Унија ја докажавме преку многу одрекувања, многу жртви, дури и по цена на сопствена штета. И никој нема право да каже дека не дадовме жртва и не плативме прескапа цена за она што го сакаме- членка на Европската Унија. Но, како и во историјата, така и денес, секогаш ќе има луѓе и страни кои се подготвени да дадат повеќе, да прифатат повеќе, рече Мицкоски.

Оцени дека во таа смисла, нашата опозиција е подготвена да прифати многу повеќе, но и да отстапи и даде многу повеќе.

-Затоа што таквата трговија со нашето, со заедничкото, за нив претставува картата со која сакаат да дојдат и да останат во политичкиот живот- не размислувајќи за штетата што ја прават, не само на себе, туку и на целата држава и сите идни поколенија. Јас сум беспрекорно свесен дека во остварувањето на таквите намери единствена пречка е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Но таа улога мораме свесно да ја носиме на плеќи заради нашиот народ, нашата татковина- дека никогаш нема да попуштаме кога се во прашање интересите за нашиот македонски идентитет и нашата држава Македонија, порача тој.

Мицкоски понатаму рече:

„Замислете ситуација да настапуваме единствено, а опозицијата да е таа што ќе нè притиска и храбри да ги чуваме црвените линии, околу кои нема да се создаваат облаци и прашини за куферчиња, поклони за источниот сосед и приказни за бизниси какви има сега. А, токму таквото нивно досегашно однесување ги закотви и закова на третото, четвртото место по поддршка- станувајќи спореден играч на политичката сцена овде дома, кај нас. Кога сме кај дневнополитичките прашања, сакам да се осврнам на неколку теми. Локалните избори од првиот круг, изразени низ освоените градоначалнички и советнички места, ја докажаа доминантната улога и поддршка што ја има ВМРО-ДПМНЕ. И ова докажува дека народот има надеж и очекувања кои нема да ги разочараме ниту изневериме“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Есенски прогнози на Виенскиот институт: Македонија со раст на БДП од три отсто
Следна Статија 1000 Украинци неделно пристигнуваат во Германија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Објавена меѓународна потерница за Васко Ковачевски

Министерството за внатрешни работи објави национална и меѓународна потерница за поранешниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Ковачевски е недостапен…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сестрата на Фросина: “Кој е следен?” да ве прашаме вас, Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси?

Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин на билеварот Партизански одреди во Скопје,…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сајкоски: Им изразивме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија

Пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоѓија Сајкоски, по повод денешниот празник беше во посета на Прилеп. -Денес положивме свежо…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, тоа што СДСМ одамна го изгуби својот идентитет е нивен проблем со кој брзо ќе се соочат на избори

Ние сме промакедонска партија и тоа е она што нас нè интересира, а тоа што СДСМ како политичка партија одамна…

May 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?