Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Новиот државен обвинител ќе треба да ја врати довербата, народот е жеден за правда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Новиот државен обвинител ќе треба да ја врати довербата, народот е жеден за правда
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Новиот државен обвинител ќе треба да ја врати довербата, народот е жеден за правда

Објавено December 25, 2025 13:58
Сподели
Сподели

Да ја врати довербата во институцијата Јавно обвинителство, да се зафати со темелна и напорна работа, а во иднина и да се позанимава многу подетално и многу повеќе со поднесените преку 100 кривични пријави од институциите што сега стојат во нечии фиоки во Обвинителството, тоа го очекувам од новиот државен јавен обвинител, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на пратеничко прашање.

Како што напомена, „народот со право е жеден и гладен за правда и токму таа борба, за правда, е суштинската реформа што треба да се спроведе, а не повисока плата или повисок буџет за обвинителите и судиите“.

– Од она што сум избрифиран од правниот тим, процедурата не би требало да трае повеќе од 1,5 – 2 месеца додека дојде на дневен ред изборот на новиот јавен обвинител. Очекувам во овој период да се избере јавен обвинител и тој да се зафати со темелна и напорна работа. Многу го чека. Во неформален разговор со колегите во Владата и институциите, во овие 1,5 година повеќе или помалку, обесхрабрувачки за сите нас, имаше појава во која институциите поднесуваа кривични пријави, а Обвинителството молчи. Можеби станува збор за неколку стотици такви случаи. Тоа што сме добро воспитани и што не правиме естрада, ниту се обидуваме да правиме упади во домови наутро пред децата на осомничените, па под превезот на истрага да снимаме со камери како некогаш, тоа не значи дека не се поднесени тие поднесоци, рече Мицкоски.

Тој додаде дека е логично што граѓаните често негодуваат. – Велат: „па нели велевте дека овие се криминалци, лопови? Зошто гледаме слаба реализација? И јас тоа го разбирам, во право се, но повеќе стотици пријави стојат во нечии фиоки во Обвинителството. Се надевам дека кој и да биде јавен обвинител во иднина ќе се позанимава многу подетално и многу повеќе, зашто тоа е суштинска реформа, а не повисока плата, повисок буџет за обвинителите и судиите, туку борбата за правда. Народот е жеден и гладен за правда и сака да види вистинска борба, потенцира премиерот.

Според него, Владата не е судска власт, ниту обвинителство, може само да достави пријава.

– Од тој момент натаму, обвинителите и судиите се тие што обвинуваат и судат. Ова треба да биде прва, основна задача на јавниот обвинител – да ја врати довербата во институцијата Јавно обвинителство, а потоа и во судовите, зашто нема успех на ниту едно поле ако немате силна правна држава. Ако имате силна правна држава ќе имате и инвестиции, силна економија, работни места, добри плати,… Ова е многу важно за периодот што следи зашто голем дел од законите од реформската агенда ќе бидат пред Собранието. Дел од нив го поминаа филтерот на Венецијанската комисија, еден од нив е законот за судски совет што е веќе во собраниска процедура и очекувам до крајот на годината или следната да се донесе. Потоа ќе се најдат законот за совет на јавни обвинители, законот за судски совет, законот за јавно-обвинителство и за судска служба, сет од закони кои очекувам во јануари да се најдат пред Собранието, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш кажа дека Владата се согласи со барањето на јавните обвинители и судиите плановите за вработување и унапредување да ги одобруваат Советот на јавни обвинители и Судскиот совет.

– Немаме тука никаков проблем со обвинителите и судиите, дадовме и насока да се направи мапирање на судовите и јавните обвинителства за вработени кои се дел од службата – ИТ експерти, сметководители, технички асистенти и врз основа на тоа да обезбедиме средства со Буџетот и ребалансот. Се што бараат од нас, направивме, напомена премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски: Успешно ја завршуваме годинава, идната 2026-та ќе биде година на стабилизација
Следна Статија Клековски: По повеќе од 10 години одложување одлучивме да ја зголемиме партиципацијата за здравствени услуги, наместо 40 ќе се плаќа 60 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓаните се повикуваат на бојкот на продавниците во петок и преку летоци

Повик за бојкот на маркетите в петок се шири на социјалните мрежи. Се повикуваат граѓаните да се воздржат од купување,…

January 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лефков: 3 милијарди денари повеќе во буџетот за образование, се подобруваат условите за работа и учење и се зголемуваат платите

Предлог буџетот за 2025 година на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на образованието и младите е развоен, и насочен кон…

November 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Скопјани да не трошат вода бадијала, апелираат од Водовод

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење поради енормно…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

ГОРДИ СМЕ НА НАШАТА АРМИЈА: Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски предновогодишно со македонските мировници и нивните семејства

Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски,…

December 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?